И Mitsu AP71 има прилично ниски издуви како за 7-ца, најниска брзина 612 па 690 втора и 792m3/h трета... четврта и петта се поголемки ама првиве 3 мислам се сосем океј особено што има огромна внатрешна единица 1100 × 325 × 257.
Не сум ја користел лично ама верувам без проблем би се користела во 40м2 и нагоре.
Инаку и јас секогаш би избрал 2 помалечки наместо една голема.
@filipinec пошол со 7ца ради тоа што старата 4.5ка му работела на максимум за да му го загрее просторот кога ќе стегне зимата Битолска.
А и го гледам многу му се радуваше на japan-made компресорот во 24ката
Кај кинезите тешко се најдува модел со минимална брзина на издув испод 800m3/h што за помал простор е страшно особено ако не знае да модулира ниско па веднаш ќе прегрева простор и ќе гасне... после чекај ја кога ќе почни пак да дува.
Кај брат ми еве Амбер Нордик 3.5ка (за која велат дека уствари е 5ка) ставена во 20м2 и на овие услови од 0-5 надворешна, поставена на 25С си дреми угасена со саати... iFeel не помага.
Мора да ја попуштат на 27 и на поголем фан за да тргни оти сама несака да и текне а нив веќе им застудело низ дома.
Не знам што да ги советувам, му спомнав дека Стрелец има жичан контролер на истиот модел (ваљда не за џабе).
Ама да не не помогне ни тоа... да си фрли братот уште 100еур.... па ја да бидам крив