- Член од
- 29 август 2019
- Мислења
- 1.328
- Поени од реакции
- 3.108
- Возраст
- 40
Хмммм... едно прашање до дечкиве кои се греат со јапонциве на модулација од 200w. Дали температурата на издув е повисока од 25 степени? И дали можеби паѓа пот од што е топло? Па тогаш за да дува топол воздух треба брзината на издув да биде екстремно ниска, па ако сака нека е климата и свети Тошиба.
Јас имам Грее Амбер Нордик 12ка. Во условите во кои работи, најниско модулира на 400w, со Т на издув од околу 40 степени. Максимална температура на издув има достигнато 62 степени на надворешна температура околу 0, ама тогаш повлече 2.5kw. Максимално сум задоволен од климата. Купена е за 57000 денари минатата зима. Дека троши за едно дваесетина проценти повеќе од овие врвниве, тое е точно ама овој конкретен модел и грее повеќе од нив, бидете сигурни. Монструозно моќна клима
Какви 25 степени на издув боже сачувај... тоа само кај Хансолот сум го видел кога ќе спушти ниска модулација.
Најниско што сум ја видел Мицу било 31С на издув... кога работеше на минимум со 90w при греење.
Еве на надворешни +10С како си брбори и одржува цел спрат од 65м2 на 21-22С...
На ауто е поставена и си работи на помал фан, би рекол дека преку ден работи со 1 или 2ка што се 260-340m3/h и во просторот буквално не се осеќа дека работи клима.
Навечер деновиве отккао залади знае да засили на 3ка фан и да се слуша дека е жива

Еве лани што сум снимил при слични услови...
Годинава ставив и внатрешна изолација па уште посмирено работи.

Ноќеска малку покачила ама прогнозата беше за -1С во утринските часови.

