Здраво, лани јули месец купив пулар еко 12. Вчера додека работеше падна осигурачот, после откако го уклучив на дисплејот покажа е6 прочитав дека тој ерор е дека нема комуникација со надворешниот урет. Претпоставувам дека нешто изгоре пошто падна осигурачот. Денеска пријавив кај сервисерот. Ме интересира што да очекувам дали ќе се вади селосно надворешноит урет или само електрониката? Ме загрижува тоа што се расипа во тек на работа и фреонот е низ цевките а ако се вади нели ќе испари дел од течноста.






