- Член од
- 29 август 2019
- Мислења
- 1.265
- Поени од реакции
- 3.015
- Возраст
- 39
Јаикс..... ако со парно на дрва не можеш да достигнеш повеќе од +18С или имаш ептен малку радијатори или нешо не ти е во ред цел систем.Здраво дечки на сите.
Ќе ве замолам за совет... колку и да звучи глупо ако прашам нешто без везе... пошто стварно немам везе во инвертери
Една недела гледам модели и карактеристики, али врска немам што значат
Сакам да земам 2 клима инвертери. Иако цела куќа ми е покриена со парно на дрва, сепак, стара дограма, нема изолација и тн... на -15, -20, колку и да буташ дрва во котелот, повеќе од +18 не може да достигни![]()
Климите ќе помогнат и во дисперзирање на топлината од радијаторите..... ама пред да помислиш клими да ставиш.... со некои ситни пари можеш да го затнеш секое можно ќоше од кое бега топлината на пример на прозорите и вратите можеш да ставиш од оние гумиранине самолепливи траки со што ќе обезбедиш добар дихт. Ако ти клапаат стаклата од дограмата залепи ги дополнително со силикон.
Со овој буџет..... гледај Haier Tundra 3.5ka и 5ka.Сакам еден инвертер за во спална соба од 16 квадрати и еден инвертер за во пуштена просторија од 32 квадрати.
Јас сакав да одам со 2 инвертери 3 и пол-ки од по 25 000 денари... ама ме советуваа, дека во големата соба нема да затоплува доволно, пошто и онака сум давал пари, уште малку (уште 15 000 ебаго) да сум потрошел и да сум земел 5 и пол-ка.
Ако мислиш и парното да го користиш кога ќе е надвор минус, можеш двете 3 и пол-ки.... во спротивно ќе треба 5ка за во поголемата просторија.
Тоа е тоа..... ама да можеше само од тоа да се одлучи која е подобра ќе беше многу лесноПа сеа, имало и грејачи на компресори, грејачи на кондензат... па не знам то што. Читав, читав, читав на форумов... над 3000 страници се, не може човек да дочита
Еве, конкретно на klimi.mk гледам, да ве замолам, дали некој може да ми објасни што значат овие карактеристики :
- ЕНЕРГЕТСКА КЛАСА (SEER/SCOP):
- МАКСИМАЛЕН КАПАЦИТЕТ НА ЛАДЕЊЕ / ГРЕЕЊЕ
- ПРОСЕЧНА МОЌНОСТ
- ВЛЕЗНА МОЌНОСТ ЛАДЕЊЕ / ГРЕЕЊЕ
Од форуми, читање по интернетов, научив само дека SEER/SCOP, што повисока бројка имаат, тоа подобро.
А влезната моќност на ладење / греење? Тоа е колку "трга"? Што помали бројки, тоа помалку троши... или?Уште еднаш, колку и да звучи глупо, се извинувам, пошто стварно врска немам
![]()

Не се ослонувај многу многу на податоците објавени на клими.мк... и на слични наши македонски сајтови... пошо голем дел од работите им се згрешени имало доста сведоштва наназад на форумов!
Ако веќе сакаш подлабоко да навлезеш и добро да се информираш, пребарај официјални податоци за моделот кој ти го фатил окото (копираш модел ТОЧЕН ОД А ДО Ш и бараш на гугл официjални податоци за тој модел)
Друга работа... читам по форумиве, многу ги фалат VIVAX, но AERI серија... а има еден куп различни серииAERI, AEMIS, AEQIS, REII... ќе ве молам за појаснување... што ова значи?
На што конкретно од карактеристикиве треба да обратам пажња?
Дали некој може да ми препорача модели што веќе ги користи и е задоволен? 3,5kW и 5,5kW?
Друга работа, какви се филтри има? Што значи Био филтер, Cold catalyst филтер? За прочистување на воздухот е тоа... или?
Се надевам дека некој ќе оддели некоја минута време да ми ги појасни работиве.
Фала ви![]()
Vivax AERI ја фалат затоа што е една од повисоките/поскапите модели на Vivax. Бар колку што знам јас овие другите што си ги навел сите се поефтинки.
А како и со се останато така и со климите... штом е поскапо веројатно е подобро. Освен ако не те праи некој продавач магаре

Пажна да обратиш на податокот колку топлина дава климата на -7С или -10С надворешна темепратура, ем со кој коефициент на ефикасност работи во тие услови (колку топлина дава поделено со колку струја троши).
Исто дали има потреба од бекап-греење за да ги постигне тие рекламирани киловати топлина.
Такви (сигурни) податоци можеш да најдеш кај моделите кои што поседуваат сертификат (eurovent) или ако им веруваш на производителите (кои впрочем често и лажат) за да продадат муда за бубрези.
Филтрите игнорирај ги.... тоа се веќе финеси.... во глобала сите ги имаат оние основните на кои се збира прашината..... а оние пософистицираните филтри се веќе кај доста поскапите модели....
Ако сепак не сакаш до толку да задлабочуваш во сертифкати и коефициенти на ефикасносити... тука еден член лани имаше составено една табелка со споредба на податоците од модели кои имаат eurovent сертификати.... баш за 3 и пол-ки клими... можеш од неа да си избериш само може некој од моделите веќе да ги нема ;(
Бујрум!
klimi 3.5 kw - Image on Pasteboard
Simple and lightning fast image sharing. Upload clipboard images with Copy & Paste and image files with Drag & Drop
pasteboard.co
Во табeлaва има и подетални податоци ама главно гледај жолтеникава колона, по таа и се подредени:
Ph @ -7 означува испорачани киловати топлина на -7C надворешна темепратура
COP @ -7 означува коефициент на ефикасност на -7C надворешна темепратура