Па добро си успеал да ги фатиш на камера цели 23 секунди кога климата достигнала и одржува колку што и бараш.
Зашто за брзо или ќе падне или ќе крене 2 степена плус од бараното.
Еве што прават тие 1200€ што јас ги спуцав.
Точно една година направи од кога ја имам купено и цела година ја користам преку Broadlink SP3S мерач.
Прегледај го приврзокот 300930 Прегледај го приврзокот 300929
2020 вкупно 761kWh или пресметано од апликацијата 3791денари
2021 вкупно 1330kWh или пресметано од апликацијата 6549денари
Вкупно 10.268 денари или 167 еур.
Во реалност се помалку.... зашто апликацијата брои само една ефтина тарифа (онаа ноќната) а денската од 2 до 4 ја мери како нормална/скапа.
Плус Недела ја мери исто нормално а не како целодневна ефтина тарифа - па јас би заокружил на некои 150 еур..... за цела година.... и ладење и греење.
Декември и Јануари ги греев само 29m2 а остатокот од годината вратите од целиот стан ~65m2 се сите разотворени за да се грее/лади насекаде по малку.
Тазе видевце од вчера вечер... преде при одржување...
А денес на пладне што снимив еве моментално го прикачувам.