Едит: го видов.
И исто така видов добар доказ дека "штом го има на интернет незначи дека е вистина"!
Ај по ред. Во основа општо-поучно видео со јака продукција. Јас лично не научив ништо што веќе не го знаев! Следно ...типот(дебелиот) од 06:35 до 9:25 зборуваше глупости и тоа тешки глупости!
Незнам што работи, што има завршено или како воопшто се нашол во видеово! Опасност за сам себе и околината затоа што даде пример за греење во микровална со алуминиумска фолија!?! Идиот!
Не ме чуди што незнае да разликува фарба од поникловање!
Второ, тропна некој "негов" факт дека колку повеќе вода собира радијаторот толку подобро грее?!? Глупост невидена!
Ете
@Strelec одговорот за кој не ме удостои!
Тој радијатор што те прашав собира 3 литра во ребро па не грее убаво! Всушност има толку многу вода на толку мала контактна површина што водата нема време да предаде повеќе топлина и затоа само 10ц разлика на влез излез! Гусот(лиено железо) и не е некој добар проводник на топлина како бонус факт.
Баш би сакал да го прашам типов од видеово зошто скапите(и ефикасни) радијатори собираат толку малку вода?

Никој не објасни за површина спрема воздух! Ламели! Внатрешни канали за поголема површина на допир... материјал...