@VladB
Samo nam kazi kolika mislis da je T izduva kada radi na 200w ?
Onako na osecaj, priblizna ljudskoj T, ili dosta manja ?
Znam kako je to na 12LTC, ali me interesuje kod Tosota...
Ок, еве го видеото, 1 час и 45 минути, снимено со два мали прекини - 00:21:47 ( 21ва минута и 47ма секунда ), телефонски повик кој траеше 5 минути, се гледа на екранот на мерачот за потрошена енергија и кај 00:46:01 ( 46та минута и 1ва секунда ) поради немање на доволно меморија на телефонот, ги префрлав двете снимени видеа и продолжив со снимање 5 минути подоцна.
Снимено е денски со почеток околу 14:30 часот, надвор температурата беше 7-8 степени.
Климата беше оставена на 16 степени, а во собата беше 17.5 степени ( што значи климата не работеше во тој момент ), ја пуштив на 22, собата беше прилично брзо загреана ( од 17.5 степени, за 17 минути од самиот почеток достигна 20.5 степени ), максимумот на трошок изнесува 1753w ( релативно кратко времето беше со ваков поголем трошок од над 1000w ), потоа си се спушта, и на 1:04:35, веќе е стабилизирана ниската модулација од тогашни 235w.
Температурата на издув за време на модулација од 210w - изнесува 30-31 степени ( 1:10:21 од видеото ).
На најниската модулација од 188-190w, температурата на издув е 28-29 степени ( 1:34:57 од видеото ).
Со ниски модулации, собата почнува да се лади, па ко ќе се излади некаде до 20.5 степени, потрошувачката се крева на отприлика 430w се додека на крени околу 1 степен на собна температура па пак се враќа на 190-200w модулација и повторно истото и истото одново.
Не е фалење, не е жалење, едноставно е споделување на информации, поздрав.
Последно уредено:


