За ниска модулација од 200-300w на пониски температури сум читал на финскиот форум.... aмa таму:
1. имаат сооолидна изолaција на куќите
2. внатрешниот простор го греат до 20С- 21С
3. со климите греат оргомни простории, 100+ м2 со LN25ка меѓутоа НОРДИК (VGHZ) варијанта која уствари носи twin-rotarry 9.2cм3 компресор ист како обичната НЕ-НОРДИК LN35 што се продава кај нас односно оваа што јас ја имам....
Ниска модулација при поголем издув се знае дека не е комотна ако си во просторијата.... ама е економична ако не си.
Како што можеш да видиш на ексел табелата кај што сум забележувал пред некој ден, на ручек на евтина тарифа сум ја пуштил на највисок фан и сум отишол во маркет....
Додека јас бев во маркет... пола час некаде..... просторијата (балончето) се полнело со COP 7 односно трошела 300w а давала 2 - 2.3kw топлина.
После тоа кога сум намалил фан од 5 на 3 брзина, се гледа дека и COPот се намалил со слична ниска потрошна.
Конкретно да ти прокоментирам за овој дел:
Никој никогаш не рекол дека очекува климата да му загрее огромен простор со 200w и минимум фан брзина.
Но се очекува од добар и скап инвертер да може да се спушти на ниска модулација и во периодите кога нема потреба од снага за греење да ја одржува таа постигната темепратура од 23С со минимална потрошувачка!
Тоа е се!
Ладен воздух се чуствува, тоа е неизбежно, ама тука е разликата во колкава количина ќе се чуствува односно колкав е капацитетот на уредот за низок издув, затоа што тоа е осетливо многу различно кај еден јапонски квалитетен и скап клима уред споредено со кај еден кинески ефтин и просечен клима уред какви што вообичаено споредуваме тука со она.... дали вредат парите или само лепенката се плаќала....