Од овој пост само сватив дека Тошиба се пробала со 2-stage компресорите и се откажала...
@Strelec на линкот од рускиот форум што си го споделил има прикачено техничка спецификација од Daiseikai 7 Polar 25ка 35ка и 45ка (претпоставувам со 2-stage компресор) споредбено со уште постарите модели пишани како Daiseikai Polar 25ка и 35ка (претпоставувам Daiseikai 6ка со стандард компресор).
Од тоа што јас можев да увидам, да капацитетите се зголемени на моделите со 2-stage компресор, меѓутоа зголемена е и потрошувачката.
Поочигледен пример на -20С кај 35ките:
Поновиот Daiseikai 7 Polar 35ка: Испорачувала 3800w со COP 2.11 и потрошна 1800w
Постариот Daiseikai Polar 35ка: Испорачувала 2940w со COP 2.07 и потрошна 1420w
Е сега, овие модели на Daiseikai 7 Polar се произведувале и продавале во периодот од 2013 до 2015.
Веројатно тоа е периодот кога кинезите во Грее си рекле тоа е тоа, праиме 2-stage компресор и вадиме Амбер модел со 3 реден изменувач и сите нишани.
Арно ама Тошиба се премислува и прекинува да ги става 2-stage компресорите во резиденцијални модели на клима уреди така?
Зошто?
Дали сеуште треба да им веруваме на инженерите на Тошиба?
Уште повеќе, зошто и Грее нема извадено понов модел со 2-stage компресор?
Дали и Грее се премислува околу 2-stage компресорите?