- Член од
- 27 јули 2020
- Мислења
- 344
- Поени од реакции
- 567
- Возраст
- 62
Вака се одлучив бидејки мислам дека ова е најекономично, со две клими. Размислував и за други опции, како пример парно со котел на пелети...
Големиот ѕид, скоро сите соби се на запад, Тераса 1 - дел од дневна на Југ. Тераса 2 - дел од Детска соба 1 на Север. Зградата има 10-ка изолација со ПВЦ дограма + ролетни, но сум на прв спрат - под мене нема никој. Не знам колку ми треба на -7 степени.
Не е проблем да купам панелки, но сепак сакам да го стоплам станот со 2 клими. ислиш дека овие клими нема да ми бидат доволни?
Автоматски споено мислење:
Јас сум од Скопје, делот каде седам е строго на Север, ќош и изложен на ветер и магла. Кога ќе дува и има влага, не треба да е под нула, се чуствува во собите. За под -2 -3 степени да не зборам. Ако немаш добра изолација во спалните, ќе имаш чуство на ладен воздух таму кај ќе ти биде главата. За индиректно да ги грееш спалните само спуштени ролетни и главите према внатрешен ѕид. Знаеш дека ќе треба да не ги гаснеш климите и да бидат поставени 2-3 степена повисоко од тоа што очекуваш во спалните.