Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Отприлика си е во ред. Сум прочитал дека до 450 вати најниско идела и гасела.
Тоа што пали- гаси нема многу да ти се одрази на потрошувачката.
За долготрајноста не би знаел, дали тој начин ќе и го скрати векот. Од сите компоненти, јас од електрониката би очекувал прва проблеми да направи. Ама греота да шпекулираме. Треба време за точни проценки и оценки.Прегледај го приврзокот 273713
Автоматски споено мислење:

Има корисници кои кажуваат дека и на +7 им прави дефрости. Овие тврдења се од Босна каде е овој период воздухот со доста влага, по котлините.
Убаво што собираш информации од повеќе места и го читаш и српскиот форум кој е поделен по брендови..србите се активни и во делот Fujitsu каде истите прашања се повторуваат....разгледај и таму. Непостигање зададена Т е сосем нормално за тој модел што ликот од "многу читање" ја зденал баш LUCA14 , фанот ставен на фикс брзина си мења издув како му текне...секој модел има и плус и минус ама генерално јасно е дека сите клими неработат исто и имаат различна логика и битно е како се користи уредот што во најчест случај користењето на уредот е непознатата иако корисниците тврдат нешто што и ним не им е јасно.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: GT1
Се сложувам, и просторот е битен.... во ептен мал простор брзо ќе постигнува температура и често ќе гаси...
Ама тоа лесно се решава, отвори една врата кон соседната соба и тоа е тоа....
Зошто на никој до сега не му текнало не знам....
Има маж да проба така? Да прошири простор и да види до колку ќе спушти модулација?
Да не испадне дека не е само дo просторот, пак да не спушта испод 500w. Тогаш до што ќе биде?
Пробав со отворање на врата, пробав со постепено зголемување на температурата, пробав сè што прочитав и што мене ми дојде на памет. Со отворена врата работи подолго (што е нормално), но пак исклучува на 700-800W. Дали е до електрониката или можеби компресорот не може да работи со мала снага, не знам. Факт е дека има лоша модулација, не е она што го декларираат кога ја продаваат.

Се работи за U Crown 12.
 
Eve nešto što možebi ne si probal, makar što moite soveti i sugestii gi puštaš po voda, probaj, nema da te košta poveće od malo čepkanje po tvojot ponos..... Isklučija potpolno klimata od napajanje so el. energija na 10-tina 15 minuti, ova za modernata elektronika e nekakov RESET.
Ponekogaš elektronikata umee da zabega, vaka ja vraćaš na početok.
 
Не 10-15 минути. Пролетоска беше исклучена 2 месеца, есенва исклучена 1 месец. Си работи по свои правила.
Повеќе пати ја имам ресетирано за да извршам температурна компензација (со +/-), повторно се однесува исто. Впрочем температурната компензација не ја прима, залудни беа моите обиди.

Ми преостанува уште да пробам со поместување на температурниот сензор, ама ќе почекам да истече гарантниот рок.
 
Многу енергија си потроши, многу се изнервира, а треба за арно да биде купувањето на климата.
Ти го разбирам разочарувањето, си имал големи очекувања. Сепак, јас се " уплашив" кога го видов толкавото намалување. Ја зема околу 40 000 нели.
По мое искуство, гледај, троши време, рачно да наместиш - брзина, температура , положба на крилца , нели на внатрешната.
Ако ти грее до + - 1 степен од посакуваната, да си седнеш дома да си се почастите и што повеќе здравје и радост. Да те служи следни 15 години.
Ова , на колку гаси и слични финеси, само ти се " горко кафе " секој ден.
Биди поздравен.
 
Добарден. Ајде еден чаленџ за специјалистите.
Стан 80 м2 ќоше на зграда 2 надворешни зидови изолација фасада 10цм стиропор долу горе нема комшии не греат. Под плочките (кујна ходник) 2цм пресован стиропор фибран. Под ламинатот стои стариот паркет колку толку ке штити нешто. Столарија алумуниумски прозори. Имам инсталирано парно со нов котел на струја bosh e-tronik кое не планирам да го користам со оглед цената на струјата(за недај боже да падне -20) . На сликата има детално се. Планирам греење на 2 инвертер клими на тие позиции како на сликата. Едната во дневна кујна едната во мало ходниче наспроти вратите на спалните да може да ги загрева.
Е сега прашањето е какви клими да земам. 2 x 5.5kw мислам дека би грееле како примарно греење. Буџет имам солиден да би земал средно висока класана клими.
Искуства предлози повелете.image.jpg
 
Што ќе предложите за подрумска просторија со висина на таван 2.10 см и околу 35 м2. (дневна 20м2 +15м2 спална со отворена врата) Бидејќи ќе има плочки на подот, се мислам за конзолна од Gree 12ka, сметајќи дека ќе ги топли плочките затоа што дува долу. Е сега ме интересира модулацијата колку може да спушта најниско и дали ќе има доволно издув за да стигне до спалната ? Или да одам со друг модел на зидна клима ? Не ми е јасно како ќе се понаша климата во подрумска просторија затоа што таванот е многу низок.
 
Подрум или сутерен.Јас би идел со подно- парапетна.
Ако немаш изолација под плочки, зорт на стапала, само папучи- топлинки, со крзно.
Автоматски споено мислење:

Добарден. Ајде еден чаленџ за специјалистите.
Стан 80 м2 ќоше на зграда 2 надворешни зидови изолација фасада 10цм стиропор долу горе нема комшии не греат. Под плочките (кујна ходник) 2цм пресован стиропор фибран. Под ламинатот стои стариот паркет колку толку ке штити нешто. Столарија алумуниумски прозори. Имам инсталирано парно со нов котел на струја bosh e-tronik кое не планирам да го користам со оглед цената на струјата(за недај боже да падне -20) . На сликата има детално се. Планирам греење на 2 инвертер клими на тие позиции како на сликата. Едната во дневна кујна едната во мало ходниче наспроти вратите на спалните да може да ги загрева.
Е сега прашањето е какви клими да земам. 2 x 5.5kw мислам дека би грееле како примарно греење. Буџет имам солиден да би земал средно висока класана клими.
Искуства предлози повелете.Прегледај го приврзокот 273726
Ако знаеш колку ти се топлинските потреби на -10, ако не мислиш некоја панелка у резерва да имаш.
Дали сакаш Јапонска или Кинеска
На колку јачина ќе затоплуваш.
Од кој Град си.
Со една во ходник, хммм, само подно- парапетна 5,5 кв. Ако собите не се на Север и не ги дува јак ветер.
Автоматски споено мислење:

Кој го интересира.
Скопје, магла пред малку се подигна.
Догрева , централно парно #####
Во 10:45, кај мене Панасоникот на надворешна 9, во соба 21, усис горе 24, со 300 вати, дува на 4-та брзина 33 степени кај турбина.
Одржува во пола степен зададена.
 
Последно уредено:
Подрум или сутерен.Јас би идел со подно- парапетна.
Ако немаш изолација под плочки, зорт на стапала, само папучи- топлинки, со крзно.

За сутерен се работи. Зортот за стапалата ќе се реши, но друг ми беше муабетот. Дали ќе работи климата како он/оф и дали протокот на воздух од 600m3 ќе биде доволно силен за да стигне топлината до другата соба.
 
Колку далеку ќе биде врата-та од клима-та. Сутерен-от обично има подобра изолација, зависи од прозори-те
 
Изолацијата е одлична, се осеќа многу потопло внатре во сутеренот за разлика од приземјето или први спрат. Далечината на вратата од климата е околу 6-7 метри.
 
Подрум или сутерен.Јас би идел со подно- парапетна.
Ако немаш изолација под плочки, зорт на стапала, само папучи- топлинки, со крзно.
Автоматски споено мислење:

Ако знаеш колку ти се топлинските потреби на -10, ако не мислиш некоја панелка у резерва да имаш.
Дали сакаш Јапонска или Кинеска
На колку јачина ќе затоплуваш.
Од кој Град си.
Со една во ходник, хммм, само подно- парапетна 5,5 кв. Ако собите не се на Север и не ги дува јак ветер.
Автоматски споено мислење:

Кој го интересира.
Скопје, магла пред малку се подигна.
Догрева , централно парно #####
Во 10:45, кај мене Панасоникот на надворешна 9, во соба 21, усис горе 24, со 300 вати, дува на 4-та брзина 33 степени кај турбина.
Одржува во пола степен зададена.

Od Strumica sum panelki ne rado bi pustil parno ako zapuka jak stud ama mislam deka so 2 x 5.5 kw bi go stoplil da gi pustam sega da gi dadam u april. Imam budjet dobar relov taka da vo hodnikot moze i 7kw da zadovoli potrebi. Rado bi japonki ali Mnogu mi gi falat Gree amber 5.5kw do -30 mi vikaat deka so 2 ke nemam maka ama me nervira taa garancijata i godisen servis na gree.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom