- Член од
- 16 јануари 2013
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 8.339
Почитувани, во спална соба со големина 17м2 и висина 2,65м сакам да наместам инвертер. Битно е да може во ладни денови да одружува помеѓу 15 до 18 степени топлина и да е тивка. Изолацијата ми е одлична (10см стиропор) со еден отвор двокрилна врата со солидно стакло и собата е на северна страна како и позицијата на надворешната единица. Планот ми е со тајмер климата да се уклучува во 23 часот, а со тајмер да се исклучува во 7 утрото.
Прашањата:
1. Со моето скромно познавање потребна е 9000 бту клима. Зошто сите продавачи велат за ситно земи си 12000 бту? (сметам дека 12к би била побучна и по неекономична, незнам дали сум во право?)
2. Не преферирам бренд или модел, меѓутоа од ова што го гледам од понудата пулар еко 9000бту е 20990 денари и до моментов е адекватна на мојата потреба, сакам да го прашам форумот што би направил и која е подобра алтернатива?
3. Како информација + детската соба која се граничи со ѕид до спалната исто така ќе треба да ја решам со греење, дали има некаква опција (пр. мулти сплит систем) за која вреди да размислувам сега или да си местам единечни системи засебен во спална, засебен во детската?
Фала ви за консултациите предвремено
Мој најискрен совет, клима за да се користи 8 саати не се купува.
Прва работа е тоа што инвестицијата од 25000+ денари со вклучена монтажа никогаш нема да ја вратиш. Некои производители бараат да се платат и годишни гаранции па со сите тие скриени трошоци може вкупната сума да биди 30000ден.
Друго е тоа што климата загрева бавно, па доколку ја исклучиш во 7 сабајле и ја вклучиш пак во 23:00 таа само ќе го замлачи воздухот но не и сите објекти во собата кои ја изгубиле топлината.
По мое панелка или друго слично грејно тело кое има побрзо затоплување се иплаќа повеќе за 8 саати греење. Инвестицијата е минимална до 50евра, останатите 20000+ден да ги трошиш за струја ќе се грееш многу години.