Од каде? Има фирма некоја или како? Ако имаш линк пиши тука...
Мислам дека имам слушнато дека Контакт 2000 биле сервисери за Panasonic.
Што е тоа што прави разлика помеѓу овие модели? Спрема ова погоре неможам многу да се ориентирам. Што да гледам на еуровент кога би купувал нова клима?
Одлично прашање и сега ќе се обидам да ти одговорам.
Да ги земеме
Haier Tundra Green AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA и
Panasonic CU-Z35TKE / CS-XZ35TKEW.
Ако ја погледнеш енегетската налепница или колоната Pdesignh на Eurovent ќе забележиш дека имаат иста вредност, што е идеално за споредување, односно 3,2KW. Ова значи дека двете клими се дизајнирани за исти услови односно за простор кој на -10 степени има потреба од 3,2KW топлина (ова е отприлика вредноста за просторија од 20тина м2 во неизолирана куќа). И овдека завршува сличноста.
Panasonic CU-Z35TKE / CS-XZ35TKEW има годишна потрошувачка од 878KW
Haier Tundra Green AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA во исти услови има годишна потрошувачка од 1092KW односно околку 25% повеќе во однос на Panasonic-от.
Грубо кажано тоа значи дека ако просечно со Panasonic-от имаш сметка од 3000 ден, со Haier-от ќе имаш 25% повеќе. Ако една грејна сезона од 6 месеци ќе платиш 18000 со Panasonic-от со Haier-от ќе биде 4500 ден повеќе, па за неколку години ќе ја повратиш повисоката цена.
Плус со Panasonic-от добиваш екстра функционалности како топ модел, најверојатно поквалитетна израбнотка чиј квалитет ќе се покаже после неколку години (поквалитетни кондензатори, компресор и сл)
Плус Panasonic-от на пониски температури е далеку поекономичен.
Haier Tundra Green AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA на -10 максимално испорачува 2.6KW (TOL), со COP 2.5 при што ппотрошувачката ќе биде 1,04 KW/h. За да дојде до овие 3,2KW треба да уклучиш греалица од 0,6KW што ќе ти троши уште 0,6KW so што вкупната потрошувачка ќе ти биде 1,64KW/h.
Panasonic CU-Z35TKE / CS-XZ35TKEW ги нема овие проблеми. На -10 ги испорачува овие 3,2KW (Tbiv) без проблем односно без дополнителни греалици со COP од 2,76 со што вкупната потрошувачка е 1,16KW.
Значи на овие ниски температури Haier-от троши 40% повеќе.
Е сега не секоја јапонска клима може да ги има овие разлики. Кај многу клими разликата е резултат на високите маржи, затоа треба да детална анализа.