Мислам дека имам слушнато дека Контакт 2000 биле сервисери за Panasonic.Од каде? Има фирма некоја или како? Ако имаш линк пиши тука...
Одлично прашање и сега ќе се обидам да ти одговорам.Што е тоа што прави разлика помеѓу овие модели? Спрема ова погоре неможам многу да се ориентирам. Што да гледам на еуровент кога би купувал нова клима?
Да ги земеме Haier Tundra Green AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA и Panasonic CU-Z35TKE / CS-XZ35TKEW.
Ако ја погледнеш енегетската налепница или колоната Pdesignh на Eurovent ќе забележиш дека имаат иста вредност, што е идеално за споредување, односно 3,2KW. Ова значи дека двете клими се дизајнирани за исти услови односно за простор кој на -10 степени има потреба од 3,2KW топлина (ова е отприлика вредноста за просторија од 20тина м2 во неизолирана куќа). И овдека завршува сличноста.
Panasonic CU-Z35TKE / CS-XZ35TKEW има годишна потрошувачка од 878KW
Haier Tundra Green AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA во исти услови има годишна потрошувачка од 1092KW односно околку 25% повеќе во однос на Panasonic-от.
Грубо кажано тоа значи дека ако просечно со Panasonic-от имаш сметка од 3000 ден, со Haier-от ќе имаш 25% повеќе. Ако една грејна сезона од 6 месеци ќе платиш 18000 со Panasonic-от со Haier-от ќе биде 4500 ден повеќе, па за неколку години ќе ја повратиш повисоката цена.
Плус со Panasonic-от добиваш екстра функционалности како топ модел, најверојатно поквалитетна израбнотка чиј квалитет ќе се покаже после неколку години (поквалитетни кондензатори, компресор и сл)
Плус Panasonic-от на пониски температури е далеку поекономичен.
Haier Tundra Green AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA на -10 максимално испорачува 2.6KW (TOL), со COP 2.5 при што ппотрошувачката ќе биде 1,04 KW/h. За да дојде до овие 3,2KW треба да уклучиш греалица од 0,6KW што ќе ти троши уште 0,6KW so што вкупната потрошувачка ќе ти биде 1,64KW/h.
Panasonic CU-Z35TKE / CS-XZ35TKEW ги нема овие проблеми. На -10 ги испорачува овие 3,2KW (Tbiv) без проблем односно без дополнителни греалици со COP од 2,76 со што вкупната потрошувачка е 1,16KW.
Значи на овие ниски температури Haier-от троши 40% повеќе.
Е сега не секоја јапонска клима може да ги има овие разлики. Кај многу клими разликата е резултат на високите маржи, затоа треба да детална анализа.