Многу лесно може. Не е важно како си врзан. Тоа е дистрибутер. Важно е кој ја произвел енергијата за тебе и ја дал во мрежата. Не мора да е одвоено, се што треба е да знаеме ти колку си потрошил од броилото - се друго е веќе решено. Кај правни лица ова функционира од лани. Во просек цените се околу 30% поефтини од тоа што беа, за тие што си избраа соодветни тарифи. За пекари и слично и до 50% поефтино испаѓа зошто трошат оф пик струја.Не знам како ќе оди тоа со либерализацијата. На ист далновод сме поврзани, како може јас да користам еден оператор, ти друг?
Секаде ти е исто. И мене од Gree ми рекоа дека монтажата е 70€, а ми наплатија 80.
Си има решение и веќе се користи.
Ти можеш (сериозно) од Иран да купиш струја и да ти стигне до дома. Не значи дека електронот патува од Иран, туку дека иран испорачал во мрежата толку и толку киловати, а ти си потрошил толку и толку. Останатото се дистрибутивни трошоци за мрежата.