Се решив да ги исфрлам дрвата.

Ајде предлог пред се за локација на инвертер а може и препорака за марка/големина. Се работи за ходник, и спална (подоцна може да се активира и во уште една спална/детска соба. Во дневниот престој веќе монтирав (долниот дел од распоредот на сликата). Тој е решен. Куќата има стара фасада без изолација, таван гол се гледаат ќерамиди. Дограма рехау генео во сите соби. Бележано е со црвено кај што планирам да ја ставам па ме интересираат мислења. Жолтата линија е планот од кај да излагаат бакарните цевки. Локацијата е над вратата од бања. Е сеа незнам да не е далеку од спалната (околу 8метри до надворешниот ѕид на спалната). Во спалната ми треба температура околу 19ц. Квадратура само ходник и спална е околу 27м2. Имам врата од ходник кон мало ходниче плус 5м2. Значи тика можам да калкулирам со вратата. И евентуално кога ќе ја користам бањата за капење да отварам врата и таму (ако ова држи вода). Таа е 6м2. И за година две планирам средната спална да ја користам за дете. Таа е 9м2. Значи минимум 27м2 максимум 47м2.
Дали да одам на 5.5 или 3.5 ќе врши работа само за ходник и спална , па понатаму за детска да мислам. И ако може препораки. Буџет околу 50000мкд.
Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk