- Член од
- 10 февруари 2020
- Мислења
- 20
- Поени од реакции
- 59
- Возраст
- 43
Гледам доста дискусии и полемики се развиле околу брендовиве нивните перформанси, новитети и се остало. Сите си се задоволни на свој начин со нивниот избор, некој помалку некој повеќе
Јас конкретно сум презадоволен со мојот избор (TOSHIBA- имам постирано во претходни постови) како од уредот кој што се покажа повеќе од вреден за парите, така и од услугата трговецот што ми ја продаде. Зошто упорно на форумов се убедуваме од петни жили да наметнуваме наши лични ставови на други? Нели е малку чудно да зборуваме и да убедуваме луѓе за некои бесмислени работи. Секако со нашите можности си знаеме што сакаме и можеме. Неблагодарно е да се споредува било кој бренд од големата јапонска тројка на премиум инвертери со било кој друг останат кинез. Да не бидам грешно разбран се си вреди за парите, но грешно е да се расправаме и исправаме криви дрини како нели кинезиве се поинвентивни на полето технологија. Единственото на што се добри е масовното производство зошто секако никој друг не ти работи за шака ориз за жал. Како што гледам има задоволни корисници од сите споменати брендови без разлика дали се премиум или не. Така да форумов си е супер како патоказ, али е многу грешно да се споредуваат две различни нивоа на квалитет. ПРЕМИУМ си е ПРЕМИУМ останатото и те како си вреди за парите, но не и за толку придавање важност. И само би замолил да останат приземни сите оние кои со душа чекаат да нападнат со коментари а се групираат во глутници вљубениците и приврзаниците на инвертерите со кои што се ушпарува некоја 1000-2000ден повеќе а месечните и годишните трошоци за струја секако се значително поголеми
Толку


Толку
