Здраво, сакам мислење од оние што повеќе се разбираат во клими, размислувам да земам една од овие клими:
1.
https://klimi.mk/product.php?id=351
2.
https://www.gorenje.com.mk/proizvodi/greenje-i-ladenje/klima-uredi/modeli/inverterski-klima-uredi/set-rea-35-tt/73386869
3.
https://www.neptun.mk/categories/INVERTER_SISTEMI/BEKO-BBVCM-120---BBVCM-121-INV
Првата со монтажа е 25000ден со 10год гаранција(плус секоја година додека трае гаранцијата плаќаш 1000ден, значи севкупно за да трае гаранцијата 10 години, излегува 35000ден), втората е 31000 ден со монтажа и со 2год гаранција, додека третата е 30000ден со монтажа и 2год гаранција.
Некој да каже кои се предности, кои се мани на климиве, која повеќе ќе затопли, која повеќе ке трае, што има едната а немаат другите две и слично. Доколку пак има некој подобар избор од овие до 30000ден(вклучено и монтажа во тие пари, монтажата е 4000ден) слободно пратете ми. Сакам да затоплувам и ладам простор од околу 30-35м2.
Исто ако може некој да даде и мислење општо за фирмата "Gorenje", некои ми велат дека се врв, некои дека не ги бива.
Благодарам.