- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 1.397
- Поени од реакции
- 1.886
Мене ми е скоро бесплатно во однос на тоа колку ме чинеше греење на котел на струја. За една сезона над 1000 евра разлика. А и на ладење заштедува 100еур во споредба со друга. Кај мене во 2019та година работеа 24/7 и на одмор кога бев, и дома, и лето и зимо. Инвертерите си работат. Дома е благодет. Си се исплатиле инвертерите уште првата година со две грејни сезони и една разладна сезона. Буквално бесплатно бидејќи ми носат по 1100евра годишно плус во буџетот, туку и во голем плус сум моментално. Тоа се сериозни пари што сум ги давал на ЕВН пред климиве.@мкд владе Епа тоа Владе го трубиме по форумов со години веќе,дегутантно ми стана по сто пати едно исто да објаснувам.Арно ама на продавачите не им е(и не само овде на форумов), па упорно си продаваат клими со истрошени фазони во стилот:
-најеконимично,скоро џабе греење,со 200w работи!
-Најеколошко греење...(боже кој дебилизам)!
-Најзадоволни корисници,(а живеат во стан од три страни+горе-доле греени)
Итн итн.
Лесно е на +5 +10ц ,а тоа е пола грејна сезона кај нас,и он-офф грее убаво како што @mdeni кажа,а јас потврдувам!Никој не им кажува за останатите критични два месеца! Им продаваат па после се чудат луѓето:
-Абе овоа чудо струја мкнело?! (Е не,на добра воља ќе работи!)
-На -5 -10ц не постигнува,губи капацитет,ладно ни е?!
-На ~0ц дефростира на 40-60мин,те магла имало,те снег врнело,те влажноста била голема. (Фала богу дека така ќе работи!)
-Дува млако,крца,нејќе да работи од х причини,на лошо место монтирана...
И оди објасни се после...
Башка што од 01.01.2020 има нови тарифи за поефтина струја за комерцијални корисници па сметките за деловен простор се уште 25% поефтини од 2019та!!!



во околниве држави