Една недела греење со Грее Амбер моделот 3,5'ка еве кратко корисничко искуство, до сега сум презадоволен како затоплува макар што деновиве не беа ладни минимална надворешна забележав на термометар -1° прошлиот понеделник, и повеќе пати работи on/off а греам куќа 70г. стара со камена градба од 60цм дебелина на ѕид без никакви изолации прозори и стиропори, надморска висина околу 900м планински дел (околина Битола).
Ке пратам слики како се монтирани надворешната и внатрешната во нареден пост, мене реално ми е наместена на 23°пошто неподносливо е повеќе од тоа а потрошувачката на мерачот ја имам заприметено константно околу минимум не помалку од 500w видено со око, а нај повеќе околу 1700w запишано на мерачот, во глобала знае со часови да работи на 600w/630w.
На auto-fan не ја работам некогаш слабо дува а реално од главна причина повеќе влече струја, па на втора брзина работи перфектно се стабилизира потрошувачката и го затоплува целиот простор околу 36м2.
Ме инетересира како се штеловани кај вас уредите во ваково време со плус температури и дали тоа on/off работење не е во ред за инвертерот.