Здраво, купив стан 79 квадрати во Скопје кој што сакам да го загревам со инвертери. Станот е на први кат од 4 ката и има термоизолација со стиропор 8 см во надворешните ѕидови изведени од ПОРОТЕРМ БЛОК со деб.= 20 см и двореден д = 2 см стиропор во подовите. Ѕидаријата е со полна или шуплива тула во продолжен малтер, со дебелини соодветни според местото на ѕидот ( преграден ѕид д = 12 см, преграден ѕид = 20 см) , фасадните ѕидови се со демит фасада д = 20 см.Прозорците и балконските врати се од термоизолирани ПВЦ профили застаклени со термопан стакло со 6 комори. Станот има 3 надворешни ѕидови. Над мене и под мене на приземје се грее. Со станот ми следуваше Gree Inverter 3.5 KW GWH12QB-K6DNB8I/O поставен на позицијата означена со црвено. Тој инвертер во план ми е да го префрлам во спалната соба, а на неговата позиција да поставам да поставам Daikin Sensira FTXF-60A/RXF60А или U - Crown GWH18UC, со кој примарно би ги загревал дневната кујната ходникот и вецињата (околу 46 квадрати). Детските соби засега не ми се во план за греење но доколку се најде решение и за нив, уште подобро... Буџетот ми е до 70 000. Ве молам за совети дали е соодветна позицијата на климата во дневната (под неа ќе биде гарнитурата за седење)како и помош за конечна одлука помеѓу Daikin или Gree![]()
Алал бе Дечко поконцизно и потемелно прашање се нема поставено на темава.[emoji106]
Нека иде у sticky notes одма за да им се линка на блеачи од калибарот "Абе шо клима да земам кажете" и точка [emoji3]
Иначе 5.5ка ти е превише за тој простор дневна + кујна што го имаш, ке имаш многу струење на воздух. Позицијата за климата е катастрофа, ако е можно идеална позиција би била карши детските соби ако е изводливо (со зелено обележано) нема да дува директно ни кон гарнитурата нит накај трпезата а ке бутка и накај детските. Мојот избор во моментов би била Круната (U-Crown) за 40 бона без размислување. Ке имаш јака 3.5ка со ултра модерен дизајн и со сите нишани на неа.. Постоечката клима во спална ко што рече ставај (со зелено обележано) и 30 бона остај си у джеп. Немој ни да помислиш дека ке останеш незагреан со оваа констелација во твојата добро изолирана се грее од доле се грее од горе новоградба. Прегледај го приврзокот 222826
Последно уредено: