Навистина и ова ми е чудно мене, доста мистично. Исто така и цениве некако ми се премногу надувани кај тие Џиви...Јас не зборувам за цените на GREE особено не за Амбер (тие се скапчии), туку зборувам за Немесис модел на Инвертор за кој тврдиш дека е Амбер ... но уште еднаш, ако во Грција се произведува Inventor, а знаеме Грција е поповолна дестинација за клими (сите модели на клими се таму поевтини во однос на МКД), поголем пазар е (како што е Италија).... ти кажа сега веќе перманентно исклучен од форумов дека големината на пазарот зависи обратно-пропорционално на цената (поголем пазар пониски цени и обратно)... И сега ако ние плаќаме транспорт царини за Инвертор моделите (а тие не плаќаат пошто е нивни производ)... како тоа ние ќе имаме пониски цени!? Во Џиви гледам Inventor Nemesis 12ka http://jivi.mk/index.php?route=product/product&path=217_224_225&product_id=3148 со помала цена од 500 Евра! 33кг надворешна и 800 грама фреон.... капацитет на греење 3,81kW (do 18.000BTU)!? И сакаш да кажеш дека и ова е ова Амбер!? Ова не е ни Хансол (кој има надворешна 42кгр)...ова клима може да биде само Lomo LCLH 12ка.
Сеуште ми се мистерија цените на Џиви...
GREE AMBER -30 GWH18YE-S6DBA2A
Маса внатрешна единица: 16.5 kg
Маса надворешна единица: 62.5 kg
INVENTOR NEMESIS N2VI32 - 24WiFi/ N2VO32 - 24
Нето тежина внатрешна единица (kg): 16,5
Нето тежина надворешна единица (kg): 53
Друго нешто премногу сомнително и мистично е што се продава овде на нашиот пазар ? Сериските броеви на Gree Amber кој се продаваат овде не се исти со сериските броеви на Gree Amber Nordic во Словенија. Сериските броеви не се исти што е доста сомнително и додава на дилема дали овде се донесуваат Nordic клими или не. Во последните 50 страници прочитав само препокување, никаде не прочитав докази, факти и аргументи за оваа дилема. Еве тие што се по упатени во ова нека образложат што се носи овде во МК со факти, докази и аргументи.

