Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Така треба. На таванот кај неа сигурно е 19-20ц.

Стави ја на нормална температура како 25ц на пример и види дали ќе постигне доле 20ц.
 
Да споделам искуство од користење на Gree Hansol, во малку поспецифични услови, бидејќи е монтиран во стан во Маврово, а викендов ја користев на први посериозни ниски температури од -15 степени кои беа пропратени со снежна бура која траеше без престан ден ипол.

Климата е монтирана во стан од 33 м2 (дневна, кујна и спална соба), во кој не се живее постојано, туку се користи за викенди (значи не се грее постојано, незагреани ѕидови и под). Ја вклучив вечерта пред тргање од Скопје, на зададена температура од 27 степени. Кога стигнав, ја намалив на 25 степени. Наредните три дена на зададена температура од 25, во услови на -15 надворешна температура, постигнува и повеќе отколку што треба за просторот во кој е монтирана. Одлично искуство до сега.

viber image 2019-02-26 , 14.47.36.jpg
 
Имам грее хансол, ставив мерач за мерење потрошна ел. енергија. Троши од 1000 па до 1900вати. Нели тоа е многу?
 
Тоа е одлично. Треба да видиш колку троши во ПРОСЕК на ден или на месец за да гледаш дали е "многу" или "малку".

Околу 400-800 е океј ова време.
 
Имам грее хансол, ставив мерач за мерење потрошна ел. енергија. Троши од 1000 па до 1900вати. Нели тоа е многу?
Почекај сега, ќе ти објаснат дека мерачот ти е без врска!
Апропо потрошувачката, ако е постојано така, подобро на термо да се грееш!
 
Почекај сега, ќе ти објаснат дека мерачот ти е без врска!
Апропо потрошувачката, ако е постојано така, подобро на термо да се грееш!

Напротив, одлично било :)
Сега ќе му кажат да си намести изолација од 10000 евра и од 1000 ќе падне потрошувачката на 800 :)
 
Имам грее хансол, ставив мерач за мерење потрошна ел. енергија. Троши од 1000 па до 1900вати. Нели тоа е многу?

Зависи на која температура е насетиран на даљинско и дали ја постигнал температурата за модулирање. Треба барем 24 часа да работи на иста температура. Хансолот по спецификација би требало до 120 вати да се симне потрошувачката (во идеални услови на температура)
Различни производители имаат различна програма, пример кај ГРЕЕ Ломо еко на 20 ц на даљинско одржува 22ц во собата. Со Хаиер Тундра на зададени 27ц во соба е 23ц
 
Во дилема сум за клима.Дали да местам поскапа или поефтина.Ми треба да лади само да освежува во лето.Имам солидно изолирана куќа и се греам на парно.Сакам да земам MAX клима за 14 000 денари да не плискам пари за џабе.Ваше мислење::????На секој спрат по една да ставам и да не се замарам.Околу 55м2 ми е спрат со висина 2,5м
 
Зависи на која температура е насетиран на даљинско и дали ја постигнал температурата за модулирање. Треба барем 24 часа да работи на иста температура. Хансолот по спецификација би требало до 120 вати да се симне потрошувачката (во идеални услови на температура)
Различни производители имаат различна програма, пример кај ГРЕЕ Ломо еко на 20 ц на даљинско одржува 22ц во собата. Со Хаиер Тундра на зададени 27ц во соба е 23ц

Кои се тие идеални услови? во август?
 
Кога на @dwa му се расипа панасоникот сите тишина,без нарвреди со совети за помош..Сега Грее Хансол и одма подбивање!Абе деца,читнете малку,на корисникот @Goran87 видете кај му е климата монтирана пишеше на другиот форум дека не го грее па некако го реши тоа, е сега купи меррач и виде дека троши! А зошто нека каже самиот и тие што му ја монтираа!!Не лаете одма!
У ваш стил..Стигна новата Тундра во Македонија, Грее после ова се повлекува со продажба од Македонија,Стрелец е веќе на антидепресиви, СвБ дал отказ и станал дилер на Хајер..Ние останатите со Грее ги полниме огласите по ФБ и реклама 5 да извлечеме што можеме и се префрлиме на Тундра..Извор Фчерашни Новости..
 
Кои се тие идеални услови? во август?

Така де, битно има опција таа да модулира со 120 вати ако е доволно топло. Колку топлина ќе испорача и со кој ЦОП е небитно во случајов.
Човекот немаше наведено на колку му е сетирана, дали ја оставил да работи 24/7 , ниту колку му се топлотни загуби.
 
Na Haier tundra i gree ne znam potrosuvacka ;)
No za Suzumi 16
Potrosuvacka za
dekemvri 750 w/h za
januari 885w/h za
februari 625w/h
Poekonomicno zdravje
Mozebi samo ako ziveeme vo Aracinovo :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom