Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Ова немора да се гледа како којзнае што. Ама јас го гледам како океј решние за луѓе што имаат проблематични делови. А не сакаат многу да се замараат.

Ако ова успее да ја крене температурата за степен или два и да ја намали можноста да се појави мувла на тоа место е супер.

Имено има некои места кај столбови или прозорци каде е пипаво да се стави изолација. Ако ова може маалкуцка барем да помогне би било океј.

Е сега прашањето е дали може макар и маалкуцка да помогне. Сепак е премногу тенок слој за да има некаква реална функција.
 
Имам едно прашање на колку време излегуваат новите модели на клими? се надевам нее ко телефониве на секоја 1г
 
Имам едно прашање на колку време излегуваат новите модели на клими? се надевам нее ко телефониве на секоја 1г

na kolku i da izlagaat, ako si zadovolen so tvojata ne ja menjaj dodeka ne rikne :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
na kolku i da izlagaat, ako si zadovolen so tvojata ne ja menjaj dodeka ne rikne :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
да да туку работава јас уште немам земено планирам месециве да не биде kinder suprise си купил некоја и по 1м нови модели поинтересни спецификации .... s10 comming sooon :))
 
да да туку работава јас уште немам земено планирам месециве да не биде kinder suprise си купил некоја и по 1м нови модели по интересни спецификации .... s10 comming sooon :))

ako gleas taka ne zimaj, zaso na eden mesec izlagaat po nekoj model nov od razlicna kompanija... procitaj si vidi si koja najvise ti odgovara i ti fakja okce i lapaj ne mu ja misli mn mn :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
да да туку работава јас уште немам земено планирам месециве да не биде kinder suprise си купил некоја и по 1м нови модели поинтересни спецификации .... s10 comming sooon :))
Нема некоја револуционерна разлика, па да те јаде јанѕа! По некое софтверско надградување и некое иљадарче поскапо.
Рачунај у следните 10-15 години ќе ја користиш, секако дали за 1 година дали за годинаипол ќе биде постар модел;)
 
Нема разлика никаква веќе 10 години. Прогрес нема на ова поле никаков. Се се знае веќе 100 години во оваа техника. Вајфај и клауд ако ти мења едино...
 
aec4de75b7041714fe587aaee8719ae4.jpg

nekoj imase shto stavi daikin i se zalese od drzacot... eve kaj komsijata shto stavile, valda imaat samo treba malce podrzok da si i da si barash:)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ми стигна мерачот од ибеј па конечно и јас ќе можам да споделам нешто за Хансолот (стоп тролачи), чекам уште термометри па да видиме и COP.

Нешто што приметив е дека и кај климата луксузот се плаќа, т.е. повисока температура и низок издув (или sleep/silent) троши као лудо (1.5 kw) па можда мерачот ќе се исплати уште во првиот месец :) Друга вистина е дека Хансолот оди и до 100w како минимум, мали топлотни загуби и не многу ниска надворешна температура (денеска пример на надворешна 11 степени на климата наместена 23 на трет издув). Моментално на 24 наместена (23 на внатрешната покажува), надворешна 5 степени, 4 издув, троши 550w.

Монтерот кога ми ја местеше ми препорача 3 фан, ја повеќе ја држев на аутофан каде што спушта на 1-2 издув али па троши многу повеќе. Инаку аутофан-от си работи коректно.

Да, на стендбај на 5ц троши 10w, не 200 ко што тука збореа, за на минус температури ако дојдат годинава ќе пренесам.

Да се вратам на луксузот, мислам дека е многу битно кога кажувате сметки за струја да се каже и на колку е наместена климата зашто на 21 и 24 разликата во потрошувачката е огромна (може некој ќе понуди график), еве пример Scorpio од Битола која со две топ клими како Фуџитсу доби сметка од 10к, ама па се грее на 25ц. Мене лично 22 ми е доволно, ама девојка ми испод 24 не прифаќа :)

Слики ме мрзи да постирам, од ПЦ пишувам, да беше од телефон постот ќе беше x10 пократок.
 
Не верувам дека на 1-2 брзина ти троши 1.5кв. Си брзал, не си почекал. Ќе се симне многу таа потрошња после 2-3 минути кога ќе добие температира изменувачот. Ти си го фатил додека крева веројатно и си прочитал.
Со 1500в ќе удри во плафонот од 58-62ц на термостатот на внатрешен изменувач и ќе намали. Така работат сите. Ако го нема тој и си тера со 1500в на 1-2 брзина цело време ќе се стопи внатрешната единица. Или пак има некој дефект или нема фреон па одат тие 1500в во ветер.
 
Здраво дечки. Да ве замолам за совет. Сакам да земам инвертер клима 3,5 кв. Буџетот ми е максимум 40 000 денари па што мислите која клима да ја одберам? Се работи за просторија од 27 м2 во куќа, не стан. Ви благодарам
 
Не верувам дека на 1-2 брзина ти троши 1.5кв. Си брзал, не си почекал. Ќе се симне многу таа потрошња после 2-3 минути кога ќе добие температира изменувачот. Ти си го фатил додека крева веројатно и си прочитал.
Со 1500в ќе удри во плафонот од 58-62ц на термостатот на внатрешен изменувач и ќе намали. Така работат сите. Ако го нема тој и си тера со 1500в на 1-2 брзина цело време ќе се стопи внатрешната единица. Или пак има некој дефект или нема фреон па одат тие 1500в во ветер.
Можеби, не ја чекав, ама па на ifeel нема врска термостатот на внатрешната туку на даљинското така (иначе поставено на 4метри од климата)
 
aec4de75b7041714fe587aaee8719ae4.jpg

nekoj imase shto stavi daikin i se zalese od drzacot... eve kaj komsijata shto stavile, valda imaat samo treba malce podrzok da si i da si barash:)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Jas se zalev za drzacite. No ke gi smenam samo da zatopli samo malku vremeto. Samo ushte ne sum pobaral kade prodavaat kvalitetni drzaci i kolku pari se.
 
Кој е заинтересиран....
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnoun...f_gGAU2Wy3y51EuPdHn7wo9yGOZGZKrQ6l8ysDi7yKAz4
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ВО ГРАД СКОПЈЕ
Градот Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, наскоро ќе распише јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување. На јавниот повик ќе се прифаќаат фискални сметки за купен инвертер од 1 јануари 2019 година, граѓаните ќе може да аплицираат на јавниот повик од март, а исплатата на средствата ќе се врши по завршувањето на претстојните претседателски избори.



Имено, сите граѓани на Скопје кои имаат фискални сметки за купување инвертер во 2019 година и кои ги исполнуваат посебните услови за учество на јавниот повик од 01.03.2019 година ќе имаат можност да аплицираат за субвенции на инвертери. Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.



Субвенционирањето на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување е активност предвидена во мерките од Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и е дел од мерките на Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.

За надоместување на дел од трошоците, барателот треба да ги исполнува следниве критериуми:
  1. I. Право на учество:
Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на инвертери во 2019 година имаат физички лица кои се жители на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои ги исполнуваат следниве услови:

  • да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај Центар, Чаир и Шуто Оризари),
  • инвертерот да го купил во 2019 година, се до завршување на јавниот повик, односно исцрпување на средствата од Буџетот на Град Скопје за субвенционирање за купување инвертери,
  • да нема искористено субвенции од кој било извор во Република Македонија за затоплување на своето домаќинство (станбен објект),
  • до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи,
  • да има платено данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, заклучно со 2018 година,
(1) Само едно лице по домаќинство може да поднесе едно барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден уред.
  1. II. Услови за учество:
При разгледување на барањата за субвенционирање, предвид ќе бидат земени оние во кои подносителот ги исполнил следниве услови:
  • доставил пополнет образец за јавниот повик за доделување субвенции за набавка на посовремен уред за затоплување,
  • доставил доказ дека е жител на град Скопје, што се докажува со фотокопија на личната карта,
  • доставил доказ во оригинал дека е извршено купување во 2019 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата,
  • доставил фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користел,
  • доставил фотокопија од трансакциска сметка, и
  • доставил потврда за платен данок на имот за станбениот објект заклучно со 2018 година.
  1. III. Објавување на јавниот повик
Јавниот повик ќе биде објавен на 01.03.2019 година, а ќе трае до 30.11.2019 година, односно до исцрпување на средствата за оваа намена.
  • Купувачот на уредот за затоплување, барањето за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје, на адреса булевар Илинден број 82, во архивата на Град Скопје (барака 16), секој работен ден од 08:30 до 15 часот.
  • Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
IV. 8. Финансирање на Програмата
Средствата ќе се користат за делумен надомест на средствата на граѓаните искористени за купување посовремен уред за затоплување, во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.[DOUBLEPOST=1549905678][/DOUBLEPOST]фотографија од печка на дрва! :pos: Јако, јако... нема што! Одам у подрум “Краљица Печи“ да ја сликам... или да најдам некоја ќумба од интернет!? :LOL:
Смрдена работа од неколку аспекти! Прво важи само за град Скопје, како пензионерските карти во ЈСП ... второ, многу погано е што е по формулата на претходната гарнитура со субвенции за точаци, PVC прозори, печки на пелет: “прв пријавен прв услужен!“
А не така мајмуни, прво кажи ми дали сум добил субвенција, па да купувам клима! Вака само у корист на сопствена штета те штета на народот, а ништо те никаков трошок од буџетот! Еве како! За да пуштиш 1500 добитни грепки треба да продадеш 5000!....
Да речеме во еуфоријава сега се продадоа 5,000 инвертери (од нив нели 1500 ќе бидат субвенционирани!) Еве малку да шпекулирам.... математиката кажува вака... 5000 клими Х 450 Евра просек секоја = 2,250,000 Евра, Грубо данокот што ќе го собере државата би бил околу 400,000 Евра (agio i disagiо) ми кажува дека е помалу, ама ај ... подели ги на 1500 (субвенционирани) колку е тоа? Тоа е 270Евра ... а колку дава по инвертер градот? Толку! а-хахаха... А НЕ ТАКА ГНАСИ!
Затоа реков субвенционирајте се сами купувајки од Грција Бугарија, дури и Србија... Ем поевтино е со цените од тука, ем сте ослободени од царина и данок ... еден одличен Fujitsu или Mitsu со две фактури (посебни за внатрешната и надворешната) го наоѓате за 500Евра, а при второ одење во Гр... ви враќаат 12-15% од цената (дел од данокот)... само така а не вака!!!
Требаше да бараат ф-ра за купени дрва јаглен ... или со печката сликан во ист кадар и денешен “Котелец“...или “Екран“ ... абе циркус!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom