И јас ја имам. Моделите до 3.5кв имаат по еден лептир сјајно бела боја а поголемите по два и мат бела боја.Кај мене како зголемуваш на далечинското така си појачува. Тоа powerfull е истата брзина 5 на внатрешната, за на надворешната незнам дали појачува нешто. Мајсторот да не ги има измешано 4те жици што ги поврзуваат внатрешната и надворешната( појма немам така трескам). За греењето незнам што да ти кажам, јас искрено очекував повеќе. Другиве членови кажуваат дека ги местат климите на 22/23с и дуваат топло темпреатурата во собата е ок и сите се задоволни. Јас ако ја оставам под 25 дува млако и цело време ме мава поладен воздух отколку температурата во собата. Кај мене како ја зголемуваш брзината дува се поладен воздух, незнам можеби оваа клима е за поголеми соби и дува силно и на прва брзина. Мислам дека на втора брзина дува најтопло, и ако не ја ставам на 27/28с не сум стоплен како што треба. Вчера ја сетирав да се уклучи во 4:45 сабајле на 25с, случајно станав во 5:35. Температурата во собата беше 21с на 50см висина и на 2 метри од климата(кај неа беше сигурно 22), дуваше ладничко можеби со 35с. Прв пат се грејам со клима можеби грешам ама пак оставам поискусните да кажат. Најмногу што сум измерил издув е 53с и тоа за кратко. Како што читав некои многу поевтини клими дигаат и до 60с. Да знаев дека вака ќе се заебавам греела-негреела по цел ден кога е уклучена и да гледам цело време во термометар ич не ја купував.
Незнам како се пресметува колку kw вади еве вчера на надворешна -7, извади издув 48с и не одеше нагоре, собната беше некаде 17.7 на 50см висина кај неа беше сигурно 19/19.5с.