Вероватно за мое видео имаш замерка зашто сензорот бил само 3-4секунди на почетокот покажан. Па види мерев внатре, немам 4раце и опремен како тебе со камери за да може да снимам од две места надвор/внатре истовремено со еден телефон у рака.
Прегледај го приврзокот 202261
Ова е тој мој уред што на моите видеa мери и покажува температура, помалото - белото е надворешен сензор кој воопшто нема продолжена сонда на жица за да може да се лажира нешто.
Ама за кај тебе не се знае што манипулации сте смислиле со Влавот кој гледам ке сврши на твоиве режисерски способности
Башка термометарот кој го користиш воопшто не е предвиден за надворешна употреба туку за користење Indoor па прашање и колку е точен во надворешни услови.
И плус температурата се мери кај надворешната а не како кај тебе до штекерот или богзнае кај ти е пикнат, се мери како што е поставен кај мене, на 50цм од надворешната единица пошто таа температура ке ја има и надворешната.
Еве едно мое видео каде 12 саата се гледа сенсзорот, (посебно стримано за Влавот за да му докажам дека Амбер неправи дефрост со саати)
Пошто те бива за манипулации ке укажам дека секако ти е сомнителна надворешната Температура од -4C kaj мерењето со митсубишито.
Тој ден во Скопје немало -4Ц ниту на Аеродром мерна станица не па во град каде секогаш е потопло. Сеа незнам во кој град си ама не си ни напишал, а сеа може да кажеш и Берoво
Ако правиш далавери со температурите како на видеово со чашата која вероватно го лаже сензорот ако е со мраз полна.....
Прегледај го приврзокот 202268
тогаш зошто камерата на мерњата за климата ти е така наместена за да не го покажува целиот термометар?.... ли преблиску е поставена за да не се гледа целиот термометар.
И овде надвор ли ти стои до, или во чаша со мраз ???
Прегледај го приврзокот 202258
Повод да истражувам ми се дневните температури во денот кога ја имаш мерено климата....незнам у кој град си али тој ден кога ти е снимана климата 27.12.2018 во време меѓу 9:00 и 9:30 било само +0 и тоа на најладната мерна точка Аеродромот, а кај тебе покажува -4Ц.
Температуриве доле се преземени од WeatherUnderground za den 27.12.2018 и мерна станица Аеродром Петровец.
Прегледај го приврзокот 202262
Не бре @Strelec јас не сум манипулатор,напротив моите видеа се чисти како солза.
Ако сакав да манипулирам,логично дека ќе снимав видео како со термометарот и чашата.
Едноставно го извадив термометарот од фрижидер и го потпрев на чашата за да можам да го снимам,
чашата ми се најде при рака хахаха, на термометарот му треба време од
неколку секунди да се прилагоди хахаах. Термометарот ако мери од пример(-50 до +50)може да се
употребува и надвор и внатре. На твоето видео само еднаш ја видов надворешната,еве пак
прегледав не ја гледам по втор пат. Ова другово видео го гледав кога го објави во живо со твојата камера
знам како правеше и што правеше.
Бидејќи преку камерата, следам потрошувачка и надворешна температура
на телефон со апликација за камерата, можам да ти кажам дека временските прогнози
често пати знаат да погрешат.Камерата ако ја ставам подалеку нема да се гледаат бројките.
Но тоа не е ни важно.Тоа што сабајлето беше -4 беше случајно а целта ми
беше да ти прикажам дека ауто фан работи и дека луѓето од Маврово ќе бидат стоплени,а и тоа дека
Додо ќе може да ја си ја онади швалерката хахаха.Види го линкот ако си заборавил.
https://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/page-1505#post-8566484
Јас со видеата прикажав дека фх е добра клима ,бидејќи е навистина добра,
и, не зборувам за другите клими колку се лоши ,па да со тоа прикажам
колку е фх 35ве добра.Едноставно снимам видео с фх 35ве па секој ќе си види вреди или не вреди.






