Проблемот со дефрости е кога дува климата додека прави дефрост. Или кога почнува да дува пред да е загреан изменувачот. Па се чувствува ладен ветер.Da treba da se kazi i napomene toa, ama mnogu chlenovi tuka imam cuvstvo deka se plashat da prijavat defrosti na klimite i lazat za taa rabota.
Јас имав такво искуство со претходната клима која беше на ова место. Беко 7кв он-оф и затоа и ја заменив со ФХ35ВЕ како најдобра за греење. И евидентна е разликата. Удобноста е неверојатно подобра, што од тишината, што од апсолутната топлина во секој комент на работењето. Кога има дефрости навремено се исклучува, не почнува веднаш со дување по дефрстот, па се крева температурата на изменувачот па дури потоа почнува со убав топол зрак.
Јас лично можев да го оправам бекото многу лесно. За да не дува ладно. Имав смислено да додадам на моторот од внатрешната термостат на 45ц и едноставно кога е под 40ц изменувачот да не дува. Ама сепак откога пресметав заштеди се одлучив за хиперинвертер од највисока класа.
Бекото си заврши во канцеларија во чекална каде нема многу потреба од комфор.
Значи како човек што има искуство со некомфорен дефрост, ова е важниот момент да се пази. А не дали прави или не дефрости климата. Кога условите налагаат ќе има дефрости. Сепак тоа е принципот на работа на инвертерот. И секоја чест што постои и што е спас за нас кои имавме баснословни сметки за струја пред да се спасиме.