@Strelec кога правиш такви споредби ајде кажи доколку ломото еко дава 3.2кв а хансолот 3.5, која е причината за толку мали разлики да платиш разлика од 17000 денари.
Се водиш според налепници што не се во никој случај веродостојни затоа што имам видено еден куп клими што пишуваат на налепница едно, а на тестирања покажуваат друго. Но еве доколку се водиме според тие налепници, да земеме за најладната клима за екото пишува дека ќе потроши 3055кв за да даде 4.8кв топлина, а хансолот 2838 за да даде 5.00 топлина. Тоа е разлика од 217кв или заштеда по средна цена од 4.44 денари 963 денари. Па некаде по 17 години ќе ја исплатиш хансолот. Пресметано по налепница и по скоп.
Друго нешто, си се запнал за тој аутофан ко да е најважна работа на свет. Климата не е човек да размислува дали е намонтирана во 100 квадрати, во 50 или во 20 пошто тука секакви клими се монтираат во секакви простории. Ниту па може да измери во таа соба од 80кв на најоддалеченото место колкава е температурата па да знае добро да го регулира аутофанот. Климата си мери околу неа колкава е температурата, па кога ќе си затопли околу неа доколку е оставена на аутофан ќе си дува споро и ќе си одржува околу неа константно со прва или втора брзина затоа што може да се справи со тоа. Но кој да и кажи дека на 12тиот метар температурата е поладна за 4 степени. Во никој случај работата на аутофанот не треба да биде прв аргумент за квалитет на климата. Едноставно е, доколку ти е ладно попушти фан, доколку ти е топло, намали, но 3.5 декларирана клима да тврдиш дека е неквалитетна затоа што некој ја намонтирал во 100 квадрати и после не и работел аутофанот е глупо.
И после иди на крај она најглупото, кога немаш како да ја пофалиш климата, викаш дека е бест бај затоа што имала 7 брзини. Како може ова да биде одредител за квалитет на клима и притоа да биде бест бај никако не ми е јасно.
И на крај пак ќе речам како и што имам сто пати кажано тука, можеби Грее климите се стварно добри, но за секој модел да се тврди дека е бест бај треба да се олади малку. Треба да помине доста време додека оваа фабрика да стане број еден, а воедно треба да се труди многу повеќе. Ќе направам пак споредба со телефони, имаш производител Xiaomi кој држи најголем дел од пазарот во светот и имаш Apple кој кошта 3 пати повеќе и е навистина број 1. И Шаоми телефоните имаат и види, 4г, се што има ајфонот, дури имаат и 3.5мм влез, нешто што јаболката одамна го исфрлија, па доколку се водеше тука дискусија тоа ќе беше земено како аргумент број еден зошто Шаоми е подобро од јаболкото каснато.
Оној пат кога ќе се одлучи што е подобро, дали да има твин ротари компресор, дали камења во надворешна за да тежи, дали нов гас р32 кој иди со помали надворешни и единечни компресори можеби ќе одлучиме што е најдобро. До тогаш останува да споделуваме искуства, добри, лоши страни на клими за да се научи повеќе и да не се заебат луѓето.
Но доколку некој нуди клима на продажба затоа што имала 7 брзини, нема да остане незаприметено.