А да направите некое упатство/ водич / увод на темава, во смисла постовите од
@tzlatko да бидат одвоени посебно, маркирани како Важно и Корисно. Колку што пратам
сите се согласуваат со неговата стручност и објективност
@Strelec е исто искусен, ама нормално мора да е субјективен

па може и дел од неговите постови да ги пребаруваат членовите.
После може некое вакво објаснување:
Односно кинески брендови вршат добра работа, не се баш економични, но помалата почетна инвестиција го оправдува тоа.
Јапанците на почеток ќе се опрчите, ама помали сметки а и на најстудено ќе работи како што е декларирано.
За големина на просторот на пример со вообичаена изолација, до 20кв, од 20-40кв, од 40-60кв и над 60кв која јачина задоволува. (Ова поискусните членови може да го направат за 10мин)
Јасно да има за гаранциите, кој колку дава, ако воопшто има такви податоци.
Па сите нови членови откако ќе прочитаат тие информации и имаат дополнителни прашања тогаш полесно ќе знаат што да прашуваат или бараат мислење во 1.400+ страни, за да се одлучат.