- Член од
- 2 јули 2012
- Мислења
- 21
- Поени од реакции
- 57
- Возраст
- 33
Здраво ве читам и гледам колку сте упатени во климиве. Па би сакал да прашам некои работи. Имам 25 квадратна дневна со пвц прозори само цигла со цигла изолација. Заинтересиран сум да земам клима па која според вас е соодветна за ова и дали сеуште Даикин се No. 1 кај нас за клими. И дали би можела топлината колку толку да се прелева од дневна во спална или да не се лажам и да си земам уште една 2.5 kw за спална? Ви благодарам убав ден. И нормално дали може да се најде до 40 000 денари?
