појава што во последно време е доста зачестена по македонскиве форуми вклучувајќи го и овој (
а доста иритира) некој бара совет мислење за одреден модел или со одреден буџет за потоа веднаш следуваат понуди кои не се ни приближно слични со барањето ни по цена ни по модел (последниов случај не е таков но пред некој ден на член ми понуди уред кој беше поскап за 150 евра),
друго ако веќе некој препорачува нешто треба да е барем сигурен во тоа што го препорачува (да има корисничко искуство или минимум да е монтер или во најлош случај продавач -
а ти не си ни едното, ни другото ниту пак третото),
бидејќи во конкретниов случај како препорачуваш модел од скоро 1000 евра а користиш буџет клима вивакс за пола пари (и со што го оправдуваш изборот ? - со искуство или ?), тоа според мене ти е исто како јас возам матиз а на некој му кажувам да си земе мерцедес.
не си играјте ако немате искуство некој ќе те послуша и ќе си ја земе бељата а клима првенствено наменета за греење зема.
п.с критикава е доста добронамерна, а свани си ја како сакаш
@Klima ured .