Здраво на сите. Планирам во септември или октомври да земам една клима која ќе ја монтирам во спалната соба која е 10.5 м2. Гледав на интернет на клими.мк и грее сторе, за најслабите по јачина клими. На клими.мк има грее ломо еко, вивакс и хаиер со 09 јачина, но не можам да најдам дали постои грее ломо лцлх со таа јачина. Може ли некој да пише доколку има ломо лцлх 09 во продавнициве кај нас која цена се или нека препорача некоја за мал простор некоја климичка. Уште едно прашање дали некој ја има вивакс (aeqi) климата 09 што е на промоција и која кошта 17000ден. Немам предрасуди кон ниедна марка така да ако некој користи некоја поевтина клима за 10.5м2 нека препорача. Претходно имам пишувано дека живеам во куќа новоградба со изолација и пвц столарија. Поздрав
Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk













