Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој знае колку трошат радијаторите во стан што работат на електрично котле ? Колку киловати електрична енергија трошат за еден час работа? Пример како климата што троши 1кв за 1 час греење колку им е на овие радијатори? Дали е многу скапо да се грее на нив?
Ве молам ако некој има познавање нека каже.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Трошат колку што греат.

5kw ако греат 5kw трошат.
 
Дали некој знае колку трошат радијаторите во стан што работат на електрично котле ? Колку киловати електрична енергија трошат за еден час работа? Пример како климата што троши 1кв за 1 час греење колку им е на овие радијатори? Дали е многу скапо да се грее на нив?
Ве молам ако некој има познавање нека каже.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Електрично котле не е грејно тело....грејното тело е радијаторот....треба прво да знаеш кој ги произвел радијаторите, па од нив да бараш која топлина ја испорачуваат при одредена влезна и излезна на температура на водата...
Котле од 24Kw 50% побрзо ке го загре просторот и ке исклучи од некое котле од 12Kw....но сметката за струја ке ви биде иста бидејки COP=1 потрошена=предадена енергија.
Инвертерот за истиот простор, значи за истите топлински загуби да ги покрие и да стопли исто ке потроши 3 до 5 пати помалку, тоа значи 3 до 5 пати помала сметка за струја.
Да заштедиш со котле на струја можеш само ако инвестираш во бафер доволно голем да акумулира потребна топлина преку ноќ за цел ден греење на просторот преку ден и ке добиеш максимално COP=2.....таa инвестиција во бафер и контрола за COP=2 кошта преку 2000евра, а за тие пари има решенија со инвертери и COP=4 најмалку, а узпут и ладат :)
Топлинска пумпа воздух-вода со ЦОП=4 во комбинација со доволно голем бафер кој би го греел навечер би имала COP=8 најмалце. Или посликовито за 80м2 стан да платиш 1000ден сметка за струја за греење.
 
Последно уредено:
Значи во превод доста скапичко е да се грееш на парно со електрично котле? :)

Е сега за еден стан од 60м2 дали би можело да се грее со една клима? Дали би било подобро климата да е 3.5ка или 5ка?

И колку од прилика би коштало тие како се викаат гледам по новиве станови ги ставаат како клими надвор има една единица а внатре во сите 3 соби има по еден таков уред тие се монтираат долу на зид незнам како точно се вика тоа дали клима или како? Колку пари е такво да се постави одприлика ?

И која би била најдобра а најефтина опција за стан од 60м2 за греење од овие 3

Многу зависи како е рапсоредот на собите. Топлината тешко се шири преку ходници и низ врати. Ако ставиш јака клима, во собата каде ќе се инсталира ќе биди ураган за да постигне секаде мин. затоплување. Некогаш две мали клими (пример 3.5 + 2.5) се подобро решение. Ако имаш повеќето отворен простор за тие 60м2, може и една 5.5 да заврши работа без да дува јако. Нацрт од станот ако имаш закачи да видиме.
 
Може некој постручен да ми објасни што е толку јако во Триве билборди?
 
Немам нацрт моментално ама распоредот е таков што од ходникот се влегува во спалната соба,а во детската соба се влегува преку дневната. Значи дневната е како централна соба помеѓу спална и детска.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
31064361_570109556694404_6953059264856326144_n.jpg

:( :(
 
Nov model na VIVAX AEQI Inverter so R32 freon
https://klimi.mk/product.php?id=293

тука на линков има некоја нелогичност, иста маса на внатрешна и надворешна единица, иста внатрешна единица димензиски и на 9-ката и на 12-ката ценовна разлика минимална.
се прашувам дали 12-ката е вистинска 12-ката или само како таква се декларира ?
ај по искусниве нека споредат па да расчистиме кој е и што? оти на трговциве неможеш баш да им веруваш во се што пишуваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom