Мислам дека ги грешиш чекорите.
Денес немаш изолација и проектираш греење за максимални загуби на топлина. Утре ден, здравје, кога ќе ставиш изолација (под услов навистина да ставиш изолација, 10цм или повеќе дебелина на стиропор) тој систем (кој и да го одбереш) ќе ти биде сериозно предимензиониран!
Да претпоставиме дека имаш како мнозинството куќи во МК, 25цм цигла, мачкана надвор и внатре.
Таа куќа во оваа состојба бара одприлика 163 kWh/m2a (годишна потрошувачка за греење по метар квадратен) или вкупно
42380 kWh.
Доколку ја изолираш со 10цм стиропор од надвор, ќе ти треба 33 kWh/m2a или
8580 kWh.
Ја согледуваш разликата така (
33800 kWh)? Ако одбереш клими како опција, изолацијава, игра огромна улога и прашање е дали ќе ти биде почетната инвестиција +3к евра.
Чисто да го имаш и ова во предвид пред да се решиш
п.с. Бројките се земени од
http://www.ytong-calc.cmass3.info/ (кликнете на У-вредност) и се чисто ориентациони, инфо за сите Ристи-Буквалисти