- Член од
- 28 февруари 2017
- Мислења
- 2.770
- Поени од реакции
- 2.682
- Возраст
- 65
Неколку страни назад ја имам постирано анализата која јас си ја правев за мене, за топлотни пумпи воздух-вода. Имам функционално подно греење и пак не ми фаќаше око есапот.Немам направено некакви мерења на издув или со мерач за потрошна но еве тоа што можам да го увидам.
Сметка за струја за 03.12 - 03.01 , 8900 денари.
Канцелариски простор на приземје од 85м2 кој се грее 24h температура не пониска од 22ц
Mitsubishi SF50 i Gree Lomo LCLH 3.5kw.
( SF50 како еднаш што напоменав одлична клима но многу лоша модулација и тоа е причината што се одлучив после 3 години користење да одам со Грее Амбер Нордик 5.5,
без рачно менување на брзина климата не оди на повисока брзина и ако користам аутофан и 22с онда не постигнува температура повисока од 18с а продолжува да дува во 1-2 брзина,оди често во дефрост кога има голема влажност,температура околу 0 и магла но сметам и дека имам големи загуби на приземје, Грее Ломо одлична клима за тие пари нормално многу послаба од SF50 но одлично ја врши својата работа како помош на SF50)
Дневен престој 55м2 кој се грее од 15:00 до 00:00 температура 24с бидејќи климата лесно постигнува температура.
Gree Amber Nordik 5.5kw
(Дефрост не сум видел до сега а и не очекувам на овие температури , искрено ке кажам климата е ѕвер и како мој тест на температура од 0 степени на поставени 31с во дневниот престој постигна 28 степени без проблем , се осеќа голема разлика во висок издув во споредба со SF50 што нормално и е побучна, мислам дека за овој простор и јака 3.5kw би ми завршила работа бидејки на надворешна температура над 2-3 степени климата многу лесно постигнува и зададени 24-25степени и често исклучува, веќе кога е околу нула си работи константно во најмала брзина...
Поткровје 40м2 кое се користи како спална соба се грее 24h температура 18ц 08:00 - 22:00 , 22:00 - 08:00 20ц
Gree Lomo LCLH 3.5kw
(Оваа ми е втора LCLH која ја користам и за тие пари климата вреди многу.
Немам надворешна изолација освен внатрешна изолација на втори спрат каде што е Амберот 3см стиродур , поткровје одлично изолирано и на подот на сите три спрата има стиродур од 3см)
Толку можам да кажам без мерење или било какви математики.
Во главно сум задоволен од греењето со инвертери иако ми смета дувањето и бучавата која ја ствараат...
Имам поставено нови цевки за парно греење и во план сум за поставување надворешна изолација со што би почнал да размислувам и за топлотни пумпи...
Без одлична изолација несакам ни да помислам на Воздух-Вода или друго решение...
Реално кога веќе имаш толку клими за тоа можеш да размислуваш тек кога ќе им пројде рокот на климите, инаку е скапо задоволство.
.