Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Крајно време е и јас да споделам искуства.
На 13.11 маестро @kodus и неговиот колега ми монтираа Хансол, -20, со Sanyo компресор - GWH12TB-S3DNA1D/O + GWH12TB-S3DNA2D/I. Единствени мајстори што ми влегле во куќа за кои немам замерки. Максимално внимателни, педантни, професионалци во прав смисол на зборот. Работеа во договор со мене и сите барања ми беа испочитувани (местоположба на внатрешната и надворешната единица, по цена да се буши во цврст бетон наместо во цигла).
Прегледај го приврзокот 181115
Бидејки единиците се многу блиску, се решив за 3м црева.
Вакумирањето траеше 22-23 минути.
Си побарав (и добив) гумени бафери. Овие навистина функционираат, бидејќи прават прекин на две метални површини. Сите крпеници од типот парче гума низ кои поминуваат шрафови се чиста козметика, мачкање очи на клиентот и не вршат никаква функција.
Не дека имаше реална потреба, бидејќи надворешната единица "спие", треба ептен да начулам уши (на еден метар од неа) за да ја слушнам како работи.
Истото важи и за внатрешната во споредба со други клими. Се разбира, не е бесшумна како радијатор или панелка. Тоа е еден од компромисите при греење со клима.
Прегледај го приврзокот 181116
Што треба да грее овој Хансол?
Дел од 50 години стара куќа без никаква изолација. Дрвени прозори што слабо дихтуваат, двокрилна дрвена врата со 50% стаклена површина што фура од сите страни. Ѕидовите се од полни тули, малтерисани од двете страни.
Висина на плафон 2.7м, кој единствено има некаква изолација - 10цм стаклена волна. Тоа беше лесно изводливо штом сам ја завршив работата и не повлекува многу пари.
Површина за греење: соба 16 м2 северна страна, 8.5 м2 ходник и купатило 4.5 м2, значи вкупно 29 м2.
Прегледај го приврзокот 181117
Од 13 ноември до сега имаше малку ладни денови, но еве утрата веќе паѓа температурата под 0, па генерално можам да споделам искуства.
Прв впечаток е бесшумноста. Како внатрешната, така и надворешната единица ... предат како мачиња.
Втор впечаток, грее за сите пари. Ја држам на ауто фен, 21 - 23 C. Ако симнам на 20C, знае повремено да исклучува. На овие надворешни температури делува и малку предимензионирано за 29 м2 неизолиран простор во куќа ... зимата топрва доаѓа, ќе видам како ќе се однесува на пониски температури.
Маани:
Знае да се слушне крцкање на пластика при промена на температурата, особено ако била исклучена повеќе часови и почне убрзано да загрева. Зборувам за внатрешната единица. Како заладува, ќе работи константно, нема да има температурни варијации, па ни тоа ретко симболично крцкање.
Кога продолжува со греење после дифрост, се јавува некаква резонанца (вибрација) од внатрешната единица, што трае 20 - 30 секунди. Ширење/стеснување на материјалот при температурна промена (топло/ладно). Ептен е тивка, но јас како перфекционист (аудиофил, ех), успеав да ја детектирам.
Гаранцијата од 10 години е трагикомична. Не е проблемот во тие 800 денари што ги бараат од втората до деветата година, туку што се добива за тоа? Барем едно профи чистење на внатрешната да имам за тие пари, па да биде оправдано...
Тоа е за сега од маани, ако откријам уште нешто, сигурно ќе пишам.
За потрошувачката немам информации, затоа што намам мерач. Гледав на Gearbest, Fasttech и Ali, има еден куп модели од $9 - $15, не би знаел кој е најдобриот. Треба да се убедам дека ќе ми користи и за нешто друго, само за климата не би го купувал. Секако сметката од ЕВН е таа што се брои...
Со здравје и долго да користиш. Бидејќи нивните монтери знаат малку фушарски да се однесуваат, затоа еден мал совет од " паталец"denes bev vo xidro set u dadov pari za fujittsu ASYG 12 LMCE ke ja montiraat vo sreda mal popust no vo red samo da se pogodi
komplet sve so 6m instalacija 47000Со здравје и долго да користиш. Бидејќи нивните монтери знаат малку фушарски да се однесуваат, затоа еден мал совет од " паталец"
1. Над глава да им висиш.
2.најмалку 3 метри инсталација.
3. Секоја цевка да има посебна изолација, зошто тие знаат и двете цевки да ги напикаат во една изолација и да убедуваат дека така треба.
4. Вакумирање на системот не помалку од 30 минути обавезно, иако тие ќе те убедуваат дека не треба.
5. Гумени бафери-подлошки, иако ќе ти кажат дека немаат,односно не треба.
6 внатрешната единица нека биде поставена 10-15 см од таван, знаат тие да ја напикаат скоро до таван и да нема ниту 5 см од него.
Ме интересира колку ја плати и колку ти побараа за монтажа?
Kolku ja zema izolacijata, 950 denari?Нарeдив Knauf 5cm камена волна, 18м2, над собата што се грее со Hansol -20. Следните викенди ќе наредам над целиот спрат. Да добијам 10% заштеда во струја би бил задоволен.
900.Kolku ja zema izolacijata, 950 denari?
Бев видел банирани членови, но не и банирана тема...
...Просекот дојде до 735W/h. Сетпоинт беше 25 степени.
Собата е 16м2, опишана е во некоја од моите претходни постови.
Се гаси навечер, но штом ќе залади прописно ќе работи 24 часа...
...
Според она што го разбирам за климиве во овој момент, мислам дека може сите клими да се споредат на едноставен начин и да се избегне моментот со околината (топлински загуби). Треба да се направи тест при што се запишуваат параметрите:
1. надворешна температура. (климава го има тој податок)
2. температура на усис (климава го има тој податок)
3. температура на издув. (порачан мерач за температура)
4. моментална потрошувачка. (energenie)...
Ve molam mislenje za daisekai 8 13000btu
Ve molam mislenje za daisekai 8 13000btu
Со здравје да си ја користиш и долго да те служиdenes bev vo xidro set u dadov pari za fujittsu ASYG 12 LMCE ke ja montiraat vo sreda mal popust no vo red samo da se pogodi