Се што сакам да кажам е дека 1кв електрична енергија + магија не е еднаква на 4-5-6-7кв топлинска енергија со директна трансформација. Но 1кв електрична енергија во топлинска пумпа која работи на инвертер кога е +7 степени може да пренесе 3-4-5 кв топлинска енергија.
Инаку, немам посебен мерач за да видам колку влече самиот систем за греење, и навистина не знам. Но, можам да постирам колку ми беа сметките за струја (не само за греење) последните две грејни сезони.
Кај мене е местено Кано 2ка за цела куќа (2 сонди по 4 КВ инсталирана моќност = 8КВ). Куќата е на два спрата, од кои активно се загрева само долниот спрат. Горниот кога како затоа што не секогаш има луѓе таму. Тоа му доаѓа цел долен спрат, околу 60 квадрати (соба со телевизор, дневна, спална, купатило). Горе исто има 3 спални + трпезарија со кујна (секој радијатор си има термовентил за регулација на температура). Целата куќа е околу 130 квадрата (2та спрата). Изолација има, надворешна 10 цм стиропор + лепак + абриб. Внатре, долниот спрат е ламперија. Горниот спрат има тервол врз таванот. Прозорците се сите со двојно стакло. Ролетни насекаде.
Инаку, се додека температурата се врти во рангот на 5-10 степени, внатре без загревање е околу 17-20 степени.
Режим на работа: 23 степени греење, 15 степени мирување. Една сонда од 4 KW работи нон стоп, другата сонда 4 KW ќе се уклучува повремено (кога има луѓе горе). Има термостат со програмирање за секој ден во неделата, и работи по следниот начин.
Пон-Петок: Наутро од 4:00-7:00 часот и попладне 16:00-22:00 часот активно греење. Остатокот од времето, пасивно.
Саб-Недела: 5:00-22:00 активно греење.
2015/2016 Мека зима, цела грејна сезона беше некоиси 10 000 денари.
2016/2017 Ноември околу 2000 денари сметка за струја, декември 3500, јануари 4 500, Февруари 3 000, Март 1800.
Сметката за струја вклучува бојлер, телевизор, два фрижидера, перална, осветлување.
Оваа сезона го уклучив на 08.11.2017, па ќе видиме како ќе биде со сметките оваа година.