Еве вака со примери да се обидам да објаснам. Да речеме во зграда стан од 60-70м2, ако го грееш на било кој начин со струја (маслени радијатори, таванско греење, конвектори-панели како Thermor, AEG, Aerlec Atlantic,) електрични камини разниразни греалки.... и тн ќе ти требаат најмалку 3 такви грејни тела (со влупна моќ од 7 па и 8kW, при што сметката за струја во грејната сезона (особено во постудена зима) нема да биде под 10,000 Денари месечно.... додека, ако ги грееш тие +60тина квадрати со ТА Печки би ти требале најмалку две и тоа 6-ки и тоа ако се од оние старите, од пред 30 години, кои дуваат повеќе прашина и камена волна отколку топлина..... а доколку сакаш нешто современо од таа технологија (барем ги рекламираат како акумулациони, па треба да се испрси човек и многу повеќе од 600-700 Евра,
http://www.kamini.com.mk/dimplex-fsd-30/ јас не видов последниве 5-6 години па и повеќе од оние класичните ТА (а веројатно и повеќе време ги нема во продажба или пак јас незнам).... но еве и да имаш од старите ТА печки со две од нив и 10kW моќ тешко ќе загрееш стан од 60-70 квадрати, да речеме оптимално 12KW... а на 6ка или 5 ка им требаат 6-7 па и 8 часа секојдневно понење.... и не поминуваш месечно под 1700-1800 киловати но бидејки “полнењето„ се врши на евтина тарифа, сметката за струја би била помала отколку во првиот случај но не и помала од 7-8,000 Денари во најладните месеци (Дек Јан Февр...). За печките на пелети незнам многу, но знам дека се и тие изгор скапи од 6-7Kw чинат по 50,000 Денари... ти требаат две такви да затоплиш стан од 60-70м2, ако не се лажам трошат по 800гр до кило на час овие од 6киловати (15 Денари килото) искрено не ми изгхледа евтино, вака излага околу 10,000 месечен трошок... нека ме коригира некој (а Стефус ќе каже како поминал со котел на пелети)... Е сега за климите велиш скапи се (тоа го тврдат и самите корисници)... и спомнуваш хендикеп како откажување на функционирањето во некој краток рок од 5-6-7 год, менување на компресорот, менување те дополнување фреон на 7-8 години... и тн и тн и се прашуваш дали тоа се исплати!? НЕ само нашиве, туку и искуствата на комшиите гледаме читаме по форуми, разни објави на портали од лаици до студии и постручни анализи тн и тн... само на ср-хр јазик пиши на Google “најисплатливо“ или “најекономично греење“, па погледни ги нивните анализи! Дали се исплатат сите ризици што ги наброја, па еве да се вратиме повторно на греењето на стан од 60-70квадрати (овој пат со клими)... колку и да не ми е омилена на форумов (кога претераа со безобразен и агресивен маркетинг) мора да спомнам една опција која би ги елиминирала оние ризици кои ги спомна..... 10 години гаранција (од кои 8 по ред годишно плескаш 800 Денари на редовен сервис и продожеток на гаранцијата)... но истото (елиминирање на ризик за голем квар, компресор на пр.).... можеш да го направиш и со осигурување на климата кое заедно со бела техника нема да дојде повеќе од 1000 Денари год. (така да отпаѓа ризикот за квар на компресорот)... да се вратам на затоплувањето значи за +60 квадрати две клими Lomo Eco 3,5 (кои БТВ и нив ги дигнале со цената иљадарче (или комбинирани 09ка и 12ка)...
https://klimi.mk/product.php?id=183 (но наскоро ќе чинат 20К, ти гарантирам), но еве и 22*2ком 44 ијлади го решаваш греењето на цел таков еден стан при работа на климите 6 месеци во годината 24/7 и температура во станот од 22-24 степени, при што и во најладните услови нема да потрошат (двете вкупно) дневно 30Kw/h што би значело под 900киловати месечно или по некој просек од 5 Денари (Скапа тарифа 6,5 Евтина 3,25) 4,500 во најладните месеци (Дек Јан) додека останатите од грејната сезона (крајот на Окт, Ное, Март почеток на Април)... во просек од 2-3000 месечно!... па ти сега пресметај ја разликата и дојди до заклучок сам...
Дрвата јагленот... несакам да ги споредувам ниту коментирам повеќе за нив!