Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Добро кога веќе и Вие го кажувате тоа дека се најскапа инвестиција колку време ќе му биде потребно на просечен корисник за да си ги поврати парите од инвестицијата која се движи во ранг од над 6-700 евра, пред да почнат проблемите со откажување на уредот, потедбата да се дополнува со фреон, менува компресор , електроника...
Investicijata na klima e edna od najskapite no se isplaka za edno 2 do 3 godini a toa okolu defekti na kompresori i slicno zavisi od kvalitetot na klimata i toa kako ke se pogodi jas pred godina ipol zemav VIVAX AEZI
31.500 den bese od klimata sum zadovolen do sega e super
 
Според мои пресметки топ листа за најефтини затоплувања при постоечки индивидуален систем за парно греење (цевки, радијатори итн) при актуелни цени во Македонија:
1. нафта
2. гас
3. дрва
4. пелети
5. клими
6. Ел греачи
Бонус алтернативи
Детални пресметки и броеви се наплатуваат...:misticen:
 
Последно уредено:
Жити се, што има „удобно“ да трпаш вреќи со пелети во печка, и претходно на грб да ги носиш од подрумот? :)

И што е „чисто“ кај греењето со пелети?
Да ја чистиш печката, горилникот ако се затне, оџаците да ги чистиш? Да фрлаш пепелишта секој втор ден? Тоа е чисто? ;)

Дома да кречиш почесто? Да бараш писмени мајстори да ти ја подесуваат електрониката (ако самиот си писмен да видиш кога нема да согорува како што треба)? Да подесуваш електроника секогаш кога ќе земаш нов тип на пелети? Итн, итн, итн...

Повторно смешни глупости, можеш ли воопшто да објасниш на што се темели тврдењето дека „греење со клима уред е најнеквалитетно“? Како е греење со клима „неквалитетно“? :rolleyes:

И што е поевтино, да инвестираш во печка на пелети, за која скоро никој монтер овде не знае да подеси електроника?

[DOUBLEPOST=1507823788][/DOUBLEPOST]Баче, сериозно... Да поставиш месечни или сезонски податоци за потрошувачка, се обложувам во гајба пиво дека за иста квадратура трошиш осетно повеќе од мене. А јас единствената работа ми е на почеток на грејна сезона да стисна копче на даљинскиот. Додека ти секој ден ложиш вреќи со пелети во печка, кои на грб ги тегнеш од подрум, чистиш печка и горилник и оџак, и фрлаш пепел.

Смешни ти се „аргументите“. Ај што си се заебал си се заебал. Гледај олесни си го животот, ако можеш да си дозволиш. (y)
збориш за потрошувачка а забораи изгледа која квадратура ке ја грее он а која ти, може ке е поекономично со инвертори али...
додека вие сите у дневна ке дремете они ке си го прчат секој у своја соба
викаш удобност бааап едно копче стискаш само, али тоа што те млати константно ветер и не е баш занемарливо, мене барем ми ја нарушува комфорноста само што слушам дека дува

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не системот е 25кв пелети печка за 150м2 куќа во град со 10см стиропор изолација и пвс нови прозори, работата е што има во едната големата просторија нема клима и треба нова и викаме да земем клима и за грење и ладење за таа просторија од 60м2 со 2 надворешни ѕида, 2.5 м плафон...може некогаш ќе бидеме само во таа просторија или нешто ако зезне парното или не го палиме или ни е прескапо или е преладно итн. Да се најде...кога и онака ќе дадеме 24-25000 плус уште некоја да земем ОК. Е сега дали 3.5кв или 5кв тоа ми е муабетот за 2Х3.5 е мислам дека е премногу.
Тргни од оваа пресметка и све е јасно колку ти се точни инвестицијата и бројките
Си земал котел од 25Kw за 150м2 што се 1670W на 10м2, за да понатаму кажеш дека со 3,5КW клима сакаш да грееш 60м2 што се само 580W на 10м2...сеа колкави топлински загуби имаш 1670 или 580 ?.....или имаш мислење дека инвертерот подобро загрева ;)

по втората математика си требал да земеш котел не од огромни 25KW туку од само 9Kw, а оваа погрешна математика веќе те носи во беспотребна потрошувачка на можеби и 3 врекички дневно со безброј пали/гаси на горилникот...а сите знаеме дека најголема потрошувачка пелет печка има на старт.

Инаку си имал и опција 3....да вложиш во бафер од доволна литража со што целата вода би се загревала само навечер со постоечкото котле ама на ефтина струја со што би имал COP=2....си можел и солар да додаеш тука и да зголемиш COP....тогаш вистинкски и би ја осетил проидобивката од изолацијата, а со време можеш да преминеш и на ТП воздух-вода....вака си се заковал со пелетите кои мислам за брзо време ке ти искочи промашена инвестиција.
Пелет е популарен во Хрватска /Славонија кај што имаат во изобилство материјал за сами да си ги направат пелетите, во изобилство пченка и храстовина.
 
Последно уредено:
Имам бафер 500 л, 12 кв котле , соларно на баферот врзано и змија во печката .Само на струја е изгор па макар и на ефтина тарифа , соларот зиме слаба вајда, не помага нешто особено. Досега беше ок со печката на дрва ама возење е цел ден си и слуга.
Ќе преоѓам на инвертери пополека , ова другото само ако акне -20 и кусур.
 
Добро кога веќе и Вие го кажувате тоа дека се најскапа инвестиција колку време ќе му биде потребно на просечен корисник за да си ги поврати парите од инвестицијата која се движи во ранг од над 6-700 евра, пред да почнат проблемите со откажување на уредот, потедбата да се дополнува со фреон, менува компресор , електроника...
Еве вака со примери да се обидам да објаснам. Да речеме во зграда стан од 60-70м2, ако го грееш на било кој начин со струја (маслени радијатори, таванско греење, конвектори-панели како Thermor, AEG, Aerlec Atlantic,) електрични камини разниразни греалки.... и тн ќе ти требаат најмалку 3 такви грејни тела (со влупна моќ од 7 па и 8kW, при што сметката за струја во грејната сезона (особено во постудена зима) нема да биде под 10,000 Денари месечно.... додека, ако ги грееш тие +60тина квадрати со ТА Печки би ти требале најмалку две и тоа 6-ки и тоа ако се од оние старите, од пред 30 години, кои дуваат повеќе прашина и камена волна отколку топлина..... а доколку сакаш нешто современо од таа технологија (барем ги рекламираат како акумулациони, па треба да се испрси човек и многу повеќе од 600-700 Евра, http://www.kamini.com.mk/dimplex-fsd-30/ јас не видов последниве 5-6 години па и повеќе од оние класичните ТА (а веројатно и повеќе време ги нема во продажба или пак јас незнам).... но еве и да имаш од старите ТА печки со две од нив и 10kW моќ тешко ќе загрееш стан од 60-70 квадрати, да речеме оптимално 12KW... а на 6ка или 5 ка им требаат 6-7 па и 8 часа секојдневно понење.... и не поминуваш месечно под 1700-1800 киловати но бидејки “полнењето„ се врши на евтина тарифа, сметката за струја би била помала отколку во првиот случај но не и помала од 7-8,000 Денари во најладните месеци (Дек Јан Февр...). За печките на пелети незнам многу, но знам дека се и тие изгор скапи од 6-7Kw чинат по 50,000 Денари... ти требаат две такви да затоплиш стан од 60-70м2, ако не се лажам трошат по 800гр до кило на час овие од 6киловати (15 Денари килото) искрено не ми изгхледа евтино, вака излага околу 10,000 месечен трошок... нека ме коригира некој (а Стефус ќе каже како поминал со котел на пелети)... Е сега за климите велиш скапи се (тоа го тврдат и самите корисници)... и спомнуваш хендикеп како откажување на функционирањето во некој краток рок од 5-6-7 год, менување на компресорот, менување те дополнување фреон на 7-8 години... и тн и тн и се прашуваш дали тоа се исплати!? НЕ само нашиве, туку и искуствата на комшиите гледаме читаме по форуми, разни објави на портали од лаици до студии и постручни анализи тн и тн... само на ср-хр јазик пиши на Google “најисплатливо“ или “најекономично греење“, па погледни ги нивните анализи! Дали се исплатат сите ризици што ги наброја, па еве да се вратиме повторно на греењето на стан од 60-70квадрати (овој пат со клими)... колку и да не ми е омилена на форумов (кога претераа со безобразен и агресивен маркетинг) мора да спомнам една опција која би ги елиминирала оние ризици кои ги спомна..... 10 години гаранција (од кои 8 по ред годишно плескаш 800 Денари на редовен сервис и продожеток на гаранцијата)... но истото (елиминирање на ризик за голем квар, компресор на пр.).... можеш да го направиш и со осигурување на климата кое заедно со бела техника нема да дојде повеќе од 1000 Денари год. (така да отпаѓа ризикот за квар на компресорот)... да се вратам на затоплувањето значи за +60 квадрати две клими Lomo Eco 3,5 (кои БТВ и нив ги дигнале со цената иљадарче (или комбинирани 09ка и 12ка)... https://klimi.mk/product.php?id=183 (но наскоро ќе чинат 20К, ти гарантирам), но еве и 22*2ком 44 ијлади го решаваш греењето на цел таков еден стан при работа на климите 6 месеци во годината 24/7 и температура во станот од 22-24 степени, при што и во најладните услови нема да потрошат (двете вкупно) дневно 30Kw/h што би значело под 900киловати месечно или по некој просек од 5 Денари (Скапа тарифа 6,5 Евтина 3,25) 4,500 во најладните месеци (Дек Јан) додека останатите од грејната сезона (крајот на Окт, Ное, Март почеток на Април)... во просек од 2-3000 месечно!... па ти сега пресметај ја разликата и дојди до заклучок сам...
Дрвата јагленот... несакам да ги споредувам ниту коментирам повеќе за нив!
 
Последно уредено:
Имам бафер 500 л, 12 кв котле , соларно на баферот врзано и змија во печката .Само на струја е изгор па макар и на ефтина тарифа , соларот зиме слаба вајда, не помага нешто особено. Досега беше ок со печката на дрва ама возење е цел ден си и слуга.
Ќе преоѓам на инвертери пополека , ова другото само ако акне -20 и кусур.
Ме мрзи да рачунам и немислам да рачунам зашто за оваква инвестиција со бафери и радијатори која многу кошта а незнаеш што ке добиеш е ризик голем ако нема точна пресметка....инаку пишувано е на темава незнам колку пати.
Најдов дека имаш куќа од 63м2, со 7цм стиропор изолација.
Еве ти еден пример сличен на твојот за 60м2
http://www.forum.hr/showpost.php?p=51915663&postcount=2696
За со радијатори со полаз од барем 60Ц бафер од 500л е малку, но за подно и полаз од 35Ц 500литра сосем би задовлиле...све зависи од загубите и точнатапресметка....за 150м2 секако ке треба нешто околу 2000литри бафер.
Накрај пак посигурна е инвестиција во клими како и да ја вртиш.
 
Соларен систем од 1.200W со фотонапонски панели =2.400€ + 600€ за клима , вкупно еднакво на 3.000€
Систем 2.400 W со фотонапонски панели е 4.600€ + 800€ за клима , вкупно 5.400€

Стискаш на ON и глеј си работа.. Ни струја , ни дрва , ни пелети ни нафта ни гас...

FAQ : каде да ги најдам :)

Sent from my GT-S7390 using Tapatalk
 
За Фотоволтаични панели незнам колку коштаат и кај ги има ....а клими hibrid ако бараш тоа може да ти најдам само пиши ПП :)
 
За Фотоволтаични панели незнам колку коштаат и кај ги има ....а клими hibrid ако бараш тоа може да ти најдам само пиши ПП :)
Панели веќе се произведуваат во Македонија и тоа од повеќе фирми. Не знам дали смеам да постирам линк тука.. Има комплетни системи , со инсталација до се'

Каде да се најдат € ми е дилемата :)

Sent from my GT-S7390 using Tapatalk
 
Панели веќе се произведуваат во Македонија и тоа од повеќе фирми. Не знам дали смеам да постирам линк тука.. Има комплетни системи , со инсталација до се'

Каде да се најдат € ми е дилемата :)

Sent from my GT-S7390 using Tapatalk
Женски чорап од Битпазар, кубур од битпазар и во банка/бензиска/супер маркет/златара/аутлет/Седмица....
 
Направивме сефте на котелот на пелети. Дојдоа сервисери 15мин работа. Се запали горилникот притисок и темп ок. Веднаш се стопли цела куќа за 5-10 мин. Имаше проблем со поврзување на стариот термостат и тајмер со контролерот на котелот. Сакаме од дневна да го контролираме котелот кој е во подрум. Проблемот беше што старите се аналогни а котелот е дигитален софтверот нешто жички ова она. Треба да купиме дигитален термостат со тајмер нов ако го сакаме тоа удобоство. Грее супер...некој еророр светкало на контролерот сервисерот вика не е ништо и функционира. Малку чад излезе од еден испуст на оџакот ама за 2 мин го снема фенот од котелот издувал малку саќе.
Сега за сега е супер и топло во сите простори од подрум до горе.
 
Не се сомневаме дека ке е топло, проблемот е што ке ви е претопло!
Или, ке трошите повеќе од што релно ви треба доколку не инвестирате уште бајаги доста во системот....за 1саат одкако си пишал гарант ви е сега преку 25Ц дома.
За пол сааат кој ке стави пелети во горилникот кога ке се истроши резервоарот.....пелет полнач исто немате купено што автоматски би додавал пелет.
На тој систем му фали контрола, му фалат дигитални термо глави во секоја соба а не само во дневната, гледам сте инвестирале во аналогни вентили кој некој физички треба да ги заврти, со клима нема таков проблем :)
Репер температура е само дневната,најголемиот простор, ако со една иста температура на полаз на водата дневната е 23Ц, спалните ке бидат гарант 25/26 ако нема човек да ги намали вентилите. Или пример...насабајле е Ок во спалните да е 23 со вентилот на тројка, но на пладне кога надвор ке е потопло вентилот треба да се сврти на единица....сам да се сврти нема да може ако нема кој рачно да го сврти.
Дигитални такви коштаат многу повеќе од 1500~2000ден по вентил....
Скап систем во секој случај, комодитет можеби има но во пари и инвестиција на граница е со ТП воздух-вода ако се направи како што треба со сите ситници кои многу коштаат.
Grijanje na pelet - vol. 2
puffer.jpg
Хрватите пелет котли возат плус и со бафер...што прво ја штеди печката бидејки таа работи оптимално со минимални загуби и максимална моќ дур не го затопли баферот, а и помалце троши дневно....после тоа одмара со саати а водата се циркулира од бафер....кваката е што Хрватите имаат субвенција до 80% за бафер па тој не ги кошта ништо а кај нас е таа инвестиција над 700евра.
На овие надворешни температури Хрватот со бафер ке заложи еден саат и толку за цел ден, рестото од денот топлината ке ја црпи од баферот без да троши пелети....а дома секаде ке има нормална температура 22/23Ц во сите соби
 
Последно уредено:
Еве вака со примери да се обидам да објаснам. Да речеме во зграда стан од 60-70м2, ако го грееш на било кој начин со струја (маслени радијатори, таванско греење, конвектори-панели како Thermor, AEG, Aerlec Atlantic,) електрични камини разниразни греалки.... и тн ќе ти требаат најмалку 3 такви грејни тела (со влупна моќ од 7 па и 8kW, при што сметката за струја во грејната сезона (особено во постудена зима) нема да биде под 10,000 Денари месечно.... додека, ако ги грееш тие +60тина квадрати со ТА Печки би ти требале најмалку две и тоа 6-ки и тоа ако се од оние старите, од пред 30 години, кои дуваат повеќе прашина и камена волна отколку топлина..... а доколку сакаш нешто современо од таа технологија (барем ги рекламираат како акумулациони, па треба да се испрси човек и многу повеќе од 600-700 Евра, http://www.kamini.com.mk/dimplex-fsd-30/ јас не видов последниве 5-6 години па и повеќе од оние класичните ТА (а веројатно и повеќе време ги нема во продажба или пак јас незнам).... но еве и да имаш од старите ТА печки со две од нив и 10kW моќ тешко ќе загрееш стан од 60-70 квадрати, да речеме оптимално 12KW... а на 6ка или 5 ка им требаат 6-7 па и 8 часа секојдневно понење.... и не поминуваш месечно под 1700-1800 киловати но бидејки “полнењето„ се врши на евтина тарифа, сметката за струја би била помала отколку во првиот случај но не и помала од 7-8,000 Денари во најладните месеци (Дек Јан Февр...). За печките на пелети незнам многу, но знам дека се и тие изгор скапи од 6-7Kw чинат по 50,000 Денари... ти требаат две такви да затоплиш стан од 60-70м2, ако не се лажам трошат по 800гр до кило на час овие од 6киловати (15 Денари килото) искрено не ми изгхледа евтино, вака излага околу 10,000 месечен трошок... нека ме коригира некој (а Стефус ќе каже како поминал со котел на пелети)... Е сега за климите велиш скапи се (тоа го тврдат и самите корисници)... и спомнуваш хендикеп како откажување на функционирањето во некој краток рок од 5-6-7 год, менување на компресорот, менување те дополнување фреон на 7-8 години... и тн и тн и се прашуваш дали тоа се исплати!? НЕ само нашиве, туку и искуствата на комшиите гледаме читаме по форуми, разни објави на портали од лаици до студии и постручни анализи тн и тн... само на ср-хр јазик пиши на Google “најисплатливо“ или “најекономично греење“, па погледни ги нивните анализи! Дали се исплатат сите ризици што ги наброја, па еве да се вратиме повторно на греењето на стан од 60-70квадрати (овој пат со клими)... колку и да не ми е омилена на форумов (кога претераа со безобразен и агресивен маркетинг) мора да спомнам една опција која би ги елиминирала оние ризици кои ги спомна..... 10 години гаранција (од кои 8 по ред годишно плескаш 800 Денари на редовен сервис и продожеток на гаранцијата)... но истото (елиминирање на ризик за голем квар, компресор на пр.).... можеш да го направиш и со осигурување на климата кое заедно со бела техника нема да дојде повеќе од 1000 Денари год. (така да отпаѓа ризикот за квар на компресорот)... да се вратам на затоплувањето значи за +60 квадрати две клими Lomo Eco 3,5 (кои БТВ и нив ги дигнале со цената иљадарче (или комбинирани 09ка и 12ка)... https://klimi.mk/product.php?id=183 (но наскоро ќе чинат 20К, ти гарантирам), но еве и 22*2ком 44 ијлади го решаваш греењето на цел таков еден стан при работа на климите 6 месеци во годината 24/7 и температура во станот од 22-24 степени, при што и во најладните услови нема да потрошат (двете вкупно) дневно 30Kw/h што би значело под 900киловати месечно или по некој просек од 5 Денари (Скапа тарифа 6,5 Евтина 3,25) 4,500 во најладните месеци (Дек Јан) додека останатите од грејната сезона (крајот на Окт, Ное, Март почеток на Април)... во просек од 2-3000 месечно!... па ти сега пресметај ја разликата и дојди до заклучок сам...
Дрвата јагленот... несакам да ги споредувам ниту коментирам повеќе за нив!
За другото може и ќе се сложиме но за прашината од камена волна НЕ!

Најодговорно тврдам дека од исправна ТА ПЕЧКА во никој случај неможе да излегува прашина од камена волна!

Струењето на воздухот е низ систем од канали низ загреаните цигли и нема никаква допирна точка со камената волна која е изолација само за циглите и стои помеѓу загреаните цигли од 700-800 степени и каросеријата на печката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom