Јас лани ова време купив whirlpool spiw 412l и се зафркнав. Беше на брзање, морав да одберам и одбрав шкарт клима која ја платив 34к плус монтажа. Грее климата ама не е тоа тоа. Сега сум во голема дилема, сакам да купувам уште две клими за дневна за во потопли денови кога не е мн минус, дневната е околу 35м2, и уште една за во детската на малиот, таа е околу 15 м2. И во двете соби има пвц дограма, детската соба е на југ, а дневната на север. Нема надворешна излолација на ѕидовите.
Се размислувам за Daikin за во дневната, не знам зошто но ми се чини дека со неа нема да се заебам како со Вирлпулот...
А за во детската со оглед на квадратурата мислам дека било која би бркала работа (молам да ме поправи некој ако грешам).
Ги замолувам сите добронамерни да ме посоветуваат, бидејќи буџетот ми е навистина ограничен мах 35к + 22-23к.
Гледам доста караници тука... не сакам да сум насреде сето тоа, просто барам совет...
Фала однапред.