на кој принцип работи?
комуницира со климата преку инфра ред? или блутут?
како ќе го командаш кога не си дома,преку рутер?
до колку метри фаќа?
кои други уреди може да контролираш со него?бољер,парно,вентилатор од климатизација? како?
Го немам уредот за да ти пренесам директно искуство, така да се е според сознанијата од интернет.
Работи на принцип на инфраред и може да ги контролира сите уреди што можат да се контролираат со далечинско со инфраред (тв, двд, радио, клима, рисивер итн.)
Фактички наместо ти да кликаш на копче на далечинското, истото го прави уредот за тебе. Инфраредот значи дека треба да има оптичка видливост помеѓу самиот уред и уредот што го прима сигналот. Значи не може во друга соба преку ѕид. Дометот е до 10 метри во сите правци, што е сосема доволно за било која соба - теоретски покрива површина од 300 метри квадратни.
До него се пристапува со телефон преку вифи во иста мрежа. Како е пристапувањето од надвор преку интернет не знам, но може да преку рутер или пологично и поедноставно преку некој нивни сервер.
Доколку сакаш да контролираш вентилатори, лампи, греалки и слични работи, тоа може со т.н. смарт штекер, кој едноставно ја исклучува струјата во склопката. Исто како тајмерите, само со контрола преку телефон.
За повеќе информации и подршка, кај Strelec или кај застапникот зад Буњаковец

Освен Broadlink, има и други производители кои прават вакви паметни работи: штекери, фасонки, прекидачи, сензори за движење/температура итн.. Гуглај Xiaomi, Orvibo. A има и направи сам варијанти со ардуино.
Ова го посочив како евтина варијанта од некои 700-800 денари.