Јас точно 3 дена го држев мерачот на Гри Чејнџ (3.5ка). За 72часа, потрошила ~76Kw/h. Значи во просек нешто повеќе од 1Kw/h
Инаку таа клима е сместена во спалната (плус отворена врата кон ходникот, 4м2 + 14м2 = ~18м2), каде постојано е подесена температурата на 18с, со (ретки) повремени пуштања на 22-23с. Инаку скоро секогаш е отворена вратата и кон дневната соба, каде Тошибата е наместена да грее на 23с (на спиење на 18с).
Сега мерачот иде на Тошибата (Сузуми+ 13ка).
Како што кажа ова се добри услови за мерење на перформансите на климиве. Инаку кратките прекини ги искусив и јас, и на двете клими. На жалост деновиве не сум во можност да проверувам дали фаќаат многу иње во тие ситуации.
Тој податок не значи ништо посебно. Можеш да ја пуштиш климата да грее максимално, и да дува најслабо, па така температурата на излезниот воздух да биде највисока (можна). Но во просторијата ќе се пренесе поголема количина топлинска енергија, ако климата на истата таа јачина на греење - дува појако.