Gree mak imaat ovlasteni monteri megju koi sum i jas
Кога веќе кажуваш дека си овластен монтер имам едно стручно прашање за тебе?
Која е твоја работа или што конкретно правиш кога ќе отидеш кај некој да му направиш годишен сервис и продолжување на гаранција?
Кај мене тие што лани ми ја монтираа климата пред две недели дошле дома кај мене (јас бев на работа) за да ми направат годишен сервис и продолжување на гаранцијата, и батките си излегле на тераса си запалиле по една цигара си направиле муабет едно 5-6мин влегле внатере ја прашале сопругата:
- убаво ли грееше лани зимата, да убаво си грееше и рекла сопругата,
- а убаво ли ладеше сега летово - да ладеше и кажала,
подигнале капакато од внатрешната единица
- еее па овие филтри биле чисти - па чисти се рекла сопругата си ги чистеме најмалку 2пати месечно, и батето си пише фактура од 800ден и си отиде.
И сега кажи ми дали тоа според тебе е редовен сервис кој кошта 800ден?