Секако дека нема да се заебеш со Даикин. Ниту пак со советите од Стрелец.
Е сега буџетот, тоа ти си го знаеш најдобро.
А Нео не е дека некој не го признава за марка,туку Нео НЕ Е МАРКА. Обиди се да најдеш контакт од произведувачот, и побарај спецификации за уредот кој сакаат да ти го увалат. Ете прашај го тој
трговецот во Техномаркет, како да ја контактираш фирмата Нео. Јави ни после како си поминал...
За евтини клими, има само еден консенсуз. На жалост, таков ни е пазарот, сите ние би сакале да имаме повеќе избор. И не мора да биде како во ЕУ државите - ете барем како во Србија да биде.
Не ти се допаѓаат Gree? Пробај со Hier, нив ги има во Енергија. Малку поназад се спомна дека имаат еуровент сертификат. Неколку години никако да се јави никој на форумов да ни пренесе искуства со тие клими. Ете таман прв ќе бидеш, па ќе ни напишеш дали ги бива...
Друг избор ти се ЛГ, Самсунг, Беко, Мидеа, Вивакс... докажано инфериорни клими за истите пари. ОК со Вивакс може да ти се посреќи да налеташ на ремаркиран Gree, aко најдеш лански модел.