Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ако 50ШОГ е таков ко што викаат , едно големо браво за Чарли Ханам што си се тргна со време од таму.:bravobe:
 
Само што го изгледав и Big Hero 6, и можам слободно да го сместам на местото број 1 во мојата листа на анимирани филмови. Цртани не сакам, не ни ги гледам многу, но ова е најдоброто нешто што ми се случило годинава, дефинитивно во топ 10 филмови евер ќе ми влезе, целосно сум импресиониран од филмот.

При разделбата ми се насолзија очите :place:
 
слабо се збори на темава последно време па да упаднам ко криминалец у банка

На Гослинг првенчето ќе биде топотници се глеа

За сега филмови кој со душа чекам да испаднат се лост ривер,книгхт оф купс и кумико и мад макс(со послаб интезитет)


Рајан Гослинг е успешен актер и еден од најпопуларните во светот денес. Последнава година не го видовме во нов филм бидејќи актерот беше зафатен со режирање, нешто што го прави за прв пат во неговата кариера. Станува збор за „Lost River“, трилер-фантазија за тинејџер во напуштен град.

Трејлерот за независниот филм во режија на Рајан Гослинг, потсетува на филмовите на Дејвид Линч. Официјалниот синопсис за „Lost River“ е следен:

„Lost River“ е мрачна бајка за љубов, семејство и борба за опстанок во лице на опасноста. Во напуштениот град на Lost River, Били мајка на две деца, е воведена во чудесен подземен свет на мисија да го спаси домот и да го одржи своето семејство заедно. Нејзиниот син тинејџер Боунс открива мистерија за потеклото на Lost River,што ќе го заинтригира и понесе во неочекувано патување, каде ќе бидат тестирани неговите граници и на оние што ги сака.

Тинејџерот го глуми Ијан Де Кејстекер („Agents of S.H.I.E.L.D.“), а неговата мајка Били, Кристина Хендрикс („Mad Men“). Покрај нив, во филмот ќе ги видиме и Ева Мендез и Мет Смит („Doctor Who“).

Филмот ќе биде достапен на 10-ти април, а следниот месец ќе биде прикажан на фестивал во Тексас, САД. Погледнете го трејлерот:

 
Ја изгледав и јас првата домашна од курсот, Street Angel, а воедно и првиот нем филм кој сум го гледал, ми требаше доста време да се навикнам, пошто ова ми е прво искуство со ваков филм, никогаш не сум имал во план да гледам вакви филмови но ете, домашно ебаго :D Добар филм како и да е, убава приказна, и потоа коа го слушав предавање му се восхитував за Борзаге, и професорот го утепа од фалење, ама стварно филмов е една убава емотивна слика за животот на една девојка, го препорачувам на сите.

Патем курсов е одличен, предавањата се одлични и не многу долги, само јас малце заостанувам но ќе се обидам да надополнам, башка го има и со српски субтитли.
 
This should be fun ,освен ако не се ставени најсмешните ствари во трејлеров
Побогу друже ова ако сака и трагедија да е, ќе се гледа за атер на Вергара
boobs.gif
boobs.gif
boobs.gif
 
Некој торент од филмов Егзодус? Само дa не е Кам верзија, или било каква друга глупост... Чисто HD да е...
MV5BMjI3MDY0NjkxNl5BMl5BanBnXkFtZTgwNTM3NTA0MzE@._V1_SX214_AL_.jpg
 
Back
На врв Bottom