Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Јас ќе поставам али треба од ново да кршам низ дома :)
Очигледно некој заборавил да стави стаклена волна, останатиот дел од цефките се изолирани со алуминиумска фолија и стаклена волна и таму нема видливи ефекти од топлината.
Е јебига... тој шо заборајл да дојди да искрши да намести и да врати се ко шо треба, на негов трошок.

Инаку, ако неможиш да се растураш сега, можи и надворешно да ја поставиш. Мада така ќе бидиш во контакт со терволот секој ден, а пошто е камена волна - чеша и боцка дури и при најмал контакт (јас конкретно да сум во контакт појќе од 20 минути, ми предизвикува повраќање) читај не би препорачал освен ако се нема излез.
 
Јас ќе поставам али треба од ново да кршам низ дома :)
Очигледно некој заборавил да стави стаклена волна, останатиот дел од цефките се изолирани со алуминиумска фолија и стаклена волна и таму нема видливи ефекти од топлината.
Toa e вистиското решение, стаклена волна ( тервол ) и алуминиумска фолија. Мораш тоа да го направиш, сега или на пролет. За тоа време обиди се, привремено да ја заштитиш вратата со влажни крпи или нешто слично. Очигледно дека мајсторите заборавиле.
 
Неможеш да ја допреш со рака жешка е плочката. А за температурата ќе проверам. Значи од 120 до 170 степени не би требало да се стопи вратата?
нормален опсег на температура на издувните гасови треба да биди од 170 до 210 плус минус сега.
ако не можеш да ја допреш плочката со рака тогаш стварно имаш проблем. рачунај што ке се случи по една сезона греење. на таа температура што се вика плочката ке падни, не пак друго. решение со влажни крпи не е решение. печката ја плати толку пари за да бидеш рајат, а не да се врткаш цело време околу неа.
види тие што ти ги монтираа ќумците нека смислат нешто. на крај краева ако несакаш се да копаш наново, нека бидат ќумците надвор од зидот како сите нормални ќумци, а не заѕидани. така ке имаш и поголемо искористување на топлината која бега низ нив, и наместо да ги топлиш плочките ке го топлиш воздухот, и нема да имаш мака со вратата или било што околу нив. за чистење на пролет да не збораме.
 
не би смеела во никој случај да ви крева толкава температура 270 степени. максимум треба да биди до 250 и после да се превентилира за да се олади. најчесто треба да се движи од 170 до 210 степени, претпоставувам знаеш како се гледа ама ако не знаеш само притискаш со задржвање на копчето за промена на температура (мислам дека беше под број 1)без притоа да притисниш на сет.
сега стварно незнам што бараат ќумците позади зидот и плочките, и дали така било или така мајсторите направиле, но кога ке дојде за чистење во година да не си видиш мака.
стварно незнам што да ти речам за загревањето пошто едно е воздушна линија , друго е бетон и плочки, но ако можеш да ја доприш со рака плочката која е најблиску до вратата тогаш не би требало да има проблем.
ако те интересира уште нешто поконкретно за печката слободно прашај, ги монтирам тука во битола.

Здраво, мкд владе, штом монтираш печки на пелети имам неколку прашања:
-дали монтираша печки само од Екошпар или и други ?
-дај некое искуство, дали се задоволни лугето со потрошувачката?
-сум слушнал дека самото подесување, штелување на горењето било деликатно, треба правилно да се подесат повеке параметри за да се добие поголема ефикасност, искористеност и подобро согорување на пелетите. твое искуство?
-дали има производители на пелети во Македонија или сите се од увоз?
-ако работиш за Екошпар сигурно ке ги фалиш нив, но дај реален совет која печка поточно котел на пелети или биомаса би бил добар избор (што може да се купи во Македонија.) (ке ми треба котел од 25-35kW)

Поздрав.
 
Здраво, мкд владе, штом монтираш печки на пелети имам неколку прашања:
-дали монтираша печки само од Екошпар или и други ?
-дај некое искуство, дали се задоволни лугето со потрошувачката?
-сум слушнал дека самото подесување, штелување на горењето било деликатно, треба правилно да се подесат повеке параметри за да се добие поголема ефикасност, искористеност и подобро согорување на пелетите. твое искуство?
-дали има производители на пелети во Македонија или сите се од увоз?
-ако работиш за Екошпар сигурно ке ги фалиш нив, но дај реален совет која печка поточно котел на пелети или биомаса би бил добар избор (што може да се купи во Македонија.) (ке ми треба котел од 25-35kW)

Поздрав.
моментално само од екошпар, но и другите колку што имам видено имаат иста електроника, ама не ми паднале в раце.
најчесто користена е онаа од 8 кв, тукана мислам дека ги викаат.
таа е за до 60 м2 и троши во просек една вреќичка денот од 15 кг.сега ако фати и минус 20 ке потроши повеќе ама просек ти е една вреќа. за задоволни кој како, ама во глобала да, посебно во кафани и дуќани каде се грееле на индустриска струја. нив за споредба од порано им иди беспари греењето.
за штеловањето точно си слушнал, ако таму заебат работа џабе ти е се. ем ке ти троши, ем нема да топли, ем уште триста проблеми ке ти се направат. ке ти гасни , заглавува , гуши. ке треба да ја чистиш на секое. абе цел ден околу неа има да си играш.
за производители има неколку, ама за квалитет неможам да ти кажам пошто некогаш се добри некогаш не. а од нив и штеловањето зависи така да кога ке почниш со едни не е баш најпаметно да менуваш. најпаметно е кога ке ја земиш , да земиш по неколку вреќи од различни производители и од кој си најзадоволен од нив. тие што прават најмалку пепел обично се најдобри, а тие се букови. не треба да има кора од дрвата во нив( не дека ке видиш кога се пресовани ама пример).
не не работам за екошпар, а би сакал зошто да не.голема фирма си е. јас сум сам свој газда, и претежно битола и околината ги штеловам, најчесто грција.
зависи колку квадрати ке загреваш. 1 кв ти е 7 квадрати. по тоа ке ги бараш коловатите на печката и додај му уште некој киловат, нека има.
по логика тебе ти треба котел а не печка. пробај од ратифика, тие се струшки. за нив не сум многу запознаен , ама знам дека поголеми снаги вадат.
и ако е некој запознаен повеќе со нив, нека поможи, нека постира.на сите ке им користи. мислам дека ке можам да ти најдам цени тука во битола колку се и што снага се, ама за некој ден од понеделник.
 
Здраво,

мило ми е што има вакви теми по форуми. Го исчитав овој thread од почеток до крај и сум заинтересиран да ставам парно. Посебно ми е примамлива понудата од Кано Еко Системи, но малку како да ми е сомнителен системот што го нуди. Причини за тоа што ми е сомнителен има повеќе:
1. Коефициентот на искористивост на претварањето на електрична енегрија во топлинска е 98%, што е потполно ист со парно од тип руска подморница.
2. Начинот на повлекување на струја е логаритамски, што е потполно ист како и кај руските подморници.
3. Начинот на загревање на водата се базира на истата (или слична) техника што се користи кај руските подморници (http://www.galaneuro.ru/galan21_1.htm)
4. Кано има работено кај Др Цветин (го имам запознаено Цветин и оддалеку може да се каже дека човекот е измамник), и како што Кано самиот вели дека системот на Др Цветин е всушност дизајниран од него, а во еден пост имав сретнато дека Др Цветин всушност користи руска подморница што ги купува, па им ја трга облогата до сондата и така ги монтира.

Сето ова ме наведува дека постои можност и Кано да користи руска подморница за неговите Кано системи.
Колку за споредба, сонда од 6KW од тип руска подморница е 77евра (http://www.mirtepla.ru/boilers/electrode_boilers/25/, 3200rub = 77eur), а истиот од Кано (Кано 2) чини 900евра (цената ја имам добиено од пријател и ја вклучува пумпата и термостат). Разликата е огромна!

Баш би сакал да бидам уверен дека системот на Кано не е руска подморница,
дека ќе добијам гаранција за парното,
дека сондата нема да прегори 6-7 години (рокот на траење на сонда од тип руска подморница е 5год, барем толкава гаранција даваат),
дека радијаторите нема да бидат нагризани после 5 год.

Исто така ги поканувам веќе постоечките корисници на Кано системи да се изјаснат од тоа колку се задоволни од парното.

Поздрав
 
Се согласувам со "Parno" ајде да ги чуеме искуствата на корисниците на Кано системот...
 
Кано на својот сајт ги објаснува негативностите на Руските подморници, но доколку направете споредба помеѓу Руска подморница и карактеристиките на Кано системот ке видете дека има повеќе од 90% сличности:
Линк до Кано систем: http://www.kanosistemi.com.mk/content.php?id=80&parent_id=73.
Линк до произведител на парно од тип Руска подморница: http://translate.google.com/transla...=http://galan.ru/products/electrod/index.shtm.

Сличности:
1. И двата системи место грејачи користат електроди кои што дирекно ја загреваат водата (од овде доаѓа и нивната голема ефикасност).
2. Системот на Кано има заштита со максимален притисок од 3 бари, додека руската подморница од линкот погоре е со 2 бари (не сум баш најсигурен, но мислам дека обичните парна работат на неколку пати повисок притисок, како на пример 10 бари).
3. И двата система автоматски се гасат доколку протече вода, а ова и не е нешто за што се специјално дизајнирани, туку произлегува од начинот на загревање на водата (доколку нема вода помеѓу електродите, а водата е таа што го поврзува струјното коло, односно протекува струја низ неа, па нормално е дека системот ќе се изгаси).
4. И двата система имаат можност за едноставно премостување на фаза, доколку во едната фаза моментално нема струја (оваа функционалност е достапна и кај обичните котли, доколку нели сите фази не се користат од котелот).

Разлики:
1. Руската подморница користи (обична или дестилирана) вода и сода бикарбона или сол со која се регулира електроспроводливоста на водата, додека Кано системот користи дестилирана вода со електролит кој што е откритие на Кано и се држи во голема тајност. Од што се состои електролитот никој не знае, па може да е и раствор од сода бикарбона. Шала на страна, негативностите што ги носи солта и сода бикарбона не се познати само на Кано и неговиот тим, и мислам дека и производителите на руски парна се свесни за ова, па имат работено на решавање на проблемот. На пример руската подморница од линкот погоре може да ја користите и со специјален раствор (електролит Galan Protector) кој го продава самиот производител (http://galan.ru/products/fluid/index.shtm).
2. Мислам дека се толку :), не гледам други разлики.

Она што сакам да го дознаам е од кои се состојки се состои електролитот на Кано... од кај инаку ќе знам дека е еколошки, безбеден, не е токсичен/канцероген... па нели на сите производи треба да има декларација за нивниот состав, а и некоја институција треба да потврди дека растворот навистина е безбеден за употреба.

Друго нешто што дојдов до заклучок читајќи по форуми и разни сајтови е дека ефикасноста на системот на греење доаѓа и од начинот на негово користење. Користењето на дигитални тајмери, кои што го исклучуваат котелот кога нема никој дома или да се вклуче со поголема моќност кога е на ефтина струја. Исто така постојат и специјални термостатски вентили со кои може да се регулира секој радијатор поединечно, па може одредени простории што не се користат често да се одржуваат на пониска температура (wc, спална, ходник). Со користење на вакви accessories , се заштедува до 30-40% од потрошената струја за греење. Еве само погледнете каде отиде светот со паметни термостати: www.nest.com.

Поздрав
 
Добро, Кано верувам ќе ти одговори, но сега да ја скратиме приказнава.... што нудиш ти како решение за евтино греење?.... Некое ‘‘ново‘‘ парно (како што ти е никот) или користење на дигитални тајмери... кои ќе ни уштедат многу!? Па вакви тајмери те опција за програмирано вклучување исклучување има на секој далечински управувач дури и на најидиотските климатизери, да не зборувам за поскапите инвертори на Даикин, Фуџитсу, Тошиба!?..... А обични тајмери (погоре спомнати) има на Бит Пазар за ‘‘Ич пари‘‘ .... мноооогу ме интересира колку чинат овие дигитални ‘чуда‘ од рекламата за која ти даде линк!? Да не е: ‘‘купете си еден ваков дигитален тајмер кој чини 200-300 Евра, ќе заштедите 8 Евра‘‘!? :)
 
Не не, не нудам никаков производ, туку сум многу заинтересиран за Кано системот, дека сакам да го поставам кај мене, но некако ми е сомнително... знаете нуди нешто што е премногу добро за да биде вистинито.

Па се прашувам дали дел од ефикасноста на неговиот систем се должи на дигиталните тајмери и термостати на радијатори (истото може да се постигне и со стандардните парна), односно дали 50% е поефикасен од стандардните парна само благодарение на електролитниот грејач и специфичниот електролит или за дел од таа ефикасност се одговорни и дигаталниот тајмер и термостати на радијатори.
Исто така сум убеден и дека парната од тип Руска подморница се ефикасни, но дали вредат да се поставуваат доколку на секои 5 години треба да се сменат и котелот и радијаторите.
Доколку Кано системот доаѓа со гаранција која што трае подолго од гаранцијата на Руските парна (едно 5год да речеме) и гаранција на радијаторите колку што е деклариран од производителот на радијаторот, тогаш дефинитивно сум заинтересиран, но сеуште ми останува дилемата за тоа што се има ставено во електролитот и колку е безбеден... сепак мислам дека е потребно некоја институција да направи проверка на хемикалиите (не заборавајте дека може и едноставни супстанции што се комплетно безбедни во комбинација да бидат канцерогени... постои студија која предупредува дека одреден вид на шунка во комбинација со кашкавал е канцерогена).

Затоа и ми треба помош од веќе постоечки корисници на Кано системот, да се изјаснат за тоа колку се задоволни и од постигнатата температура и од тоа колку им се намалиле сметките за струја, па да можам конечно да се одлучам и да ризикувам во делот со тоа колку е безбеден електролитот.

Поздрав
 
па и на кока кола не го кажуваат рецептот, па цел свет ја пие.
со цел ум очекуваш некој да ти даде индустриска тајна, на која пример некој вложил време и пари, онака за здравје. можеби е растворот пет пари, ама кој да го знае. и баш во тој растворот е цела филозофија, другото е мање више познато.
 
По ова:
http://www.klima-uredjaji.eu/toshiba-super-daiseikai-ras-13-SKVP-E-SAVP-E.html
Toshiba Super Daisekai III Ras-13SKVP-E/SAVP-E..... (мислам дека и ‘‘Енергија‘‘ ја нуди третата генерација, а не петтата која веројатно е излезена завчера!?).... значи по ова излегува дека Лијепа Наша, не како Сербија (200) туку цели 300 Евра се поевтини од Енергија!? Ако не се лажам 8280 Куни се некаде 1130 Евра.... (7,3 е Куната спрема Еврото така?)... многу далеку од 88,090,- Ден. (1430,- Евра) понудата на Енергија!
Никој неможе да ме убеди дека Македонија има нај-срање понуда на клими, инвертори и тн и што се однесува на понудата, а особено на цената.... Не ми спомнувајте Еу, Бугарија, Грција, Германија.... Еве ви обичен пример: Хрватска и Србија! Тие не се членки на унијата.... Погледнете ги понудите кај нив, погледнете ги цените на климите на пример на Техномаркет, кој го има и таму и овцдека! Видете ја понудата таму и овде и особено цените... на пример НЕО-то no-name клима со ‘‘као‘‘ тошиба компресор го нудат за 160 Евра! Тука чини 13,000 ли беше! + 3,000 монтажа! .... Таму за околу 250 Евра може да си набавите климатизер класа погоре LG, Samsung....а со помалку од 300 Panasonic од +3 Kw, 12000 Btu......
Тешко дека убавецот:
http://www.klimacentar.com/mitsubis...nverter/mitsubishi-msz-ge25va/muz-ge25va.html
.....некој во државава може да го понуди поевтино од 650 Евра![/quote]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom