Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво на сите.
Не сум стручен за темава греење, ниту претставувам некоја фирма, сакам само да го поделам моето искуство на оваа проблематика, бидејќи оваа тема и слични на неа по други форуми доста ми помогнаа за изборот на уреди за греење, па можеби и моето искуство некого ќе му помогне во одлуките.
Од лани се преселивме од стан со греење на топлификација во барака без централно греење. Претходните газди се грееја со термо –печка и рекоа дека супер поминувале. За мене тоа беше некако застарен начин (со оглед дека и такви термо печки веќе и не се произведуваат!?), па по препораки се решив за конвектор. 2,5КW Vaillant за просторија од околу 20 и нешто квадрати, дневна соба, трпезарија и кујна. Морам да кажам дека зимата супер поминавме, дури и во периодот јанаури или февруари кога температурите идеа и до -10, -12, кај нас беше 23-24 (некојпат и над 25, затоа што сопругата го вртеше термостатот на максимум, за побрзо да се греело). Спалната ја греевме со едно електрично радијаторче од 2KW и тоа навечер пред да легнеме и рано на сабајле кога е најладно, па се додека станеме (истото има тајмер и се подесува кога да се вклучи). Во купатилото има кварцна греалка (800W) и исто му се фаќа дали грее или не. Од тие греалки топлина се чувствува само ако стоиш 10 сантиме пред нив. Така да во план сум да ставам еден конвертор и во купатило и него да го врзам на тајмер. Зимата најголема потрошувачка беше 1014KW, со просек од околу 900 за другите месеци. Летно време некаде 250-300KW е потрошувачката.
Е тоа лето, за ладење мореше да ставивме еден климатизер. За избор пак се навратив на форумите и изборот падна на Fujitsu инвертер од 12000BTU, од Хидро сет. За Тошиба не се решив затоа што беше некаде околу 150е поскапа, а според спецификациите имаше за нијанса помали COP и EER. Исто така ги скокнав сите LG, Beko, Самсунг и компанија, најмногу од причина што имаа драстично полоши перформанси во спецификациите, настрана муабетите за квалитетот на истите. Зборам за инвертер моделите, такви разгледував затоа што идејата ми беше зима да биде додатна сила за греење.
Летото пројде, климата се покажа одлично, како што и очекувавме, брзо лади, тивко работи, малку троши. Сега почна да застудува па од кул, ја префрлив на хит и можам да кажам дека многу пријатно ме изненади во однос на тоа што го очекував (а очекував доста). Иако не е уште зима и допрва треба да се покаже, во периодот кога наутро беше 2-4 степени, многу побрзо ја загрева просторијата од конверторот. Разликата е чисто вака од осечај што би рекле. Инаку конверторот ја загреваше просторијата во просек за 1 степен на секои 10 минути, за инверторот уште немам направено мерење. Она што пријатно ме изненади во однос на потрошувачката е дека при иницијалното пуштање, работи со максимална сила од 1,4КW во првите 10-15 минути, кога е забележително загревањето на просторијата. Потоа паѓа на некаде 850-900W (што е декларираната потрошувачка), додека ја постигне бараната температура, што исто така е релативно кратко време, за да после продолжи да ја одржува истата при што троши некаде 370-380W, во кој режим и работи во најголемиот дел од денот, а често знае и да сопре на одреден период. Температурата е цело време стабилна, значи нема осцилации нагоре надоле по некој степен.
Што се однесува до производството, Made in PRC е, што би се рекло од Кина. Според моите сознанија, Фуџитсу ја има затворено фабриката во Кавасаки (Јапонија) пред некоја година и целото производство на клима уреди е преселено во Кина и Тајланд. Така да Фуџитсу мејд ин Јапан нема веќе. А моделот е истиот што го има на официјалниот сајт на Фуџитсу за Германија.
Да сме здрави и живи и да видиме како ќе ја пројдеме оваа зима, па здравје понатака би ставил и мулти инвертер систем за останатите простории.
 
Здраво на сите!
Тазе сум овде, баш оваа тема ме интригира за регистрација :)

Ме интересира дали некој од вас има искуство со конвекторите од Веро?
 
Биди попрецизен малку, која марка се? Инаку горе-долу сите конвектори се слични: Thermor, Vaillant, AEG....
--- надополнето: Oct 24, 2011 7:47 PM ---

Сета таа убавина ако не се лажам за 38,000 Денари + монтажа? Ми се чини дека е многу подобра инвестиција од LG-то инвертор што го продава Нептун, кој пак е поевтин 100 Евра но со послаби перформанси ... . Не си згрешил воопшто!
 
Дали некој има искуство со пелети ?
И нели да објасни добри и лоши страни ?
 
Дали некој има искуство со пелети ?
И нели да објасни добри и лоши страни ?
Пелети се пресувани дрвени одпадоци. За наши услови се многу скапи, цената им је преку 200 евра за тон. За споредба 2,5 кубици огревно дрво имаат маса околу еден тон а чинат помалку од 10 000 денари.
 
како функционира ова со тајмериве? се купува некој додаток на конвекторот или? сакам да наместам да се пали отсабајле околу 5 до 7 да ми ја згрее собата пред да станам од спиење.
 
Во Веро мислам дека имаат само едни, Бауер, ако ти значи нешто... :)
Дали би имало голема разлика во бренд, земајќи во предвид дека технологијава не е нешто сложена, а цената
Кинеско : Француско = 2:3

Биди попрецизен малку, која марка се? Инаку горе-долу сите конвектори се слични: Thermor, Vaillant, AEG....
 
Пелети се пресувани дрвени одпадоци. За наши услови се многу скапи, цената им је преку 200 евра за тон. За споредба 2,5 кубици огревно дрво имаат маса околу еден тон а чинат помалку од 10 000 денари.
зависи , се покажаја многу поволни каде се греат на индустриска струја.
во просек печка од 8 кв троши една вреќа на ден. вреќата е 15 килограми. во една палета имаш 75 вреќи. цената е различна но се движи околу 200 денари вреќа.пелетите се правени претежно од бука или мешавина на бука и даб. по правило треба да се од одпадот од дрвата, но тие кај нас не се. едноставно го дробат дрвото па потоа го пресуваат.
8 кв се сосем доволни за просторија од 60 м2.
мани има неколку, прво дека печката е скапа, има пепел ( не толку ама има) ,потребно е одвреме на време чистење онака потемелно.
многу е битно тој што ке ти ја монтира да знае што прави. оџак во класична смисла не треба, но е потребен издувен отвор( дупка во ѕидот ако немаш веќе каде).
предности и се што си подесуваш температура колку ти што сакаш, сама се пали, можеш и да ја штеловаш во одреден ден во денот сама да се запали и изгасни, а некои модели имаат и можност преку мобилен да ја уклучиш. многу е добра ако поголем дел од денот не сте дома, попрактична во секој случај.
и да топли како будала.
 
како функционира ова со тајмериве? се купува некој додаток на конвекторот или? сакам да наместам да се пали отсабајле околу 5 до 7 да ми ја згрее собата пред да станам од спиење.
навистина и мене ме интересира за тајмери, малку надвор од темата, ама многу корисно за греењето.... каде ги има, дали е тоа добра работа, колку чинат....
Во Веро мислам дека имаат само едни, Бауер, ако ти значи нешто... :)
Дали би имало голема разлика во бренд, земајќи во предвид дека технологијава не е нешто сложена, а цената
Кинеско : Француско = 2:3
Не, не сум чул за конвектори Bauer, ми звучи името Германски!? А што се однесува до дилемата Кинески или Француски.... да ти кажам ако беше разликата во цена 1:2, не би размислувал би купил Кинески, ама како велиш 2:3 ... !? Многу е дискутабилно дали вреди за кинески конвектор да дадеш 3,500 кога оригинал француски Thermor имаш за 5,000! Јас реков и погоре, користам веќе ова трета сезона од француските од 2 kW и сум задоволен и од потрошувачката и од квалитетот на греењето. А да кажам и тоа дека го користам во Октомври и Март повремено, само преку ден, додека од Ноември до крајот на Февруари скоро нон-стоп вклучен 24/7.... преку ден на 6- 6,5, а преку ноќ (бидејки спијам во истата соба) на 5 или 5,5... при што температурата во дење не паѓа под 22*Ц ноќе од 18.... просторија од 14м2 просечно изолирана во зграда....
 
зависи , се покажаја многу поволни каде се греат на индустриска струја.
во просек печка од 8 кв троши една вреќа на ден. вреќата е 15 килограми. во една палета имаш 75 вреќи. цената е различна но се движи околу 200 денари вреќа.пелетите се правени претежно од бука или мешавина на бука и даб. по правило треба да се од одпадот од дрвата, но тие кај нас не се. едноставно го дробат дрвото па потоа го пресуваат.
8 кв се сосем доволни за просторија од 60 м2.
мани има неколку, прво дека печката е скапа, има пепел ( не толку ама има) ,потребно е одвреме на време чистење онака потемелно.
многу е битно тој што ке ти ја монтира да знае што прави. оџак во класична смисла не треба, но е потребен издувен отвор( дупка во ѕидот ако немаш веќе каде).
предности и се што си подесуваш температура колку ти што сакаш, сама се пали, можеш и да ја штеловаш во одреден ден во денот сама да се запали и изгасни, а некои модели имаат и можност преку мобилен да ја уклучиш. многу е добра ако поголем дел од денот не сте дома, попрактична во секој случај.
и да топли како будала.
Има една друга работа што не ми е позната - степенот на корисно дејсто.
На нашиот пазар, воопшто нема квалитетни печки на цврсто гориво. Јас сум гледал по дуќаните и најдов само една печка која не е сосема добра, но личи на нешто. Тоа беше печка од лиено железо - трајно жаречка. Но печки со конролиран влез на воздух, со палење на огнот одозгора, термоакумулациони печки на дрва и други работи што го зголемуваат степенот на корисно дејство на печките на дрва воопшто нема. Камините, кои се нудат се само убави играчки.
За жал ниеден трговец не се потрудил да понуди квалитетни печки.
Печките кои се нудат имаат степен на полезно дејство помал од 30%. А модерните печки треба да имаат барем 60% и повеќе. Тука може да се бара економската оправданост за користење на печки со пелете. Но за ова треба да се пресмета и оцени економската исплативост, бидејќи и печките на пелете се многу скапи. Тоа до сега не сум го направил.
 
Здраво, на сите.

Бидејќи и јас сум заинтересиран за ваков котел на пелети, некое време следев на интернет, по продавници а пред една недела и на саемот "Технома", таму имаше повеќе модели на камини и котли на пелети. Цените на котлите се движеа од 58.000 ден. па нагоре зависно од снагата и производителот. (во просек од 1500 до 2000 Евра)
Цената на 1t пелети се движи од 160 до 220 евра, зависно од квалитетот. (во продажба се наоѓаат во кеси од 15 кг. за 180 до 210 ден.) На запад има ктегоризација на квалитетот и сертификат за составот, процент на влага, содржина на пепел и др. но овде ме може да бираш, секој увозник ти нуди различни палети и тоа е тоа.
Еве еден линк каде има повеќе опишано за карактеристиките на пелетите, http://www.seso.com.mk/pages/za-peleti.php
тука е наведено дека:
"Просечен камин на пелети има ефикасност за согорување до 85%"
Тоа значи дека се доста ефикасни, само бидејќи кај нас се нови и нема некое искуство за потрошувачка. Познавам неколку луѓе кои ги користат една сезона и се генерално задоволни, трошеле малку повеќе од колку за дрва но се многу по лесни за работа (нема дрва, сечење, цепење, редење, па ложење 2-3 пати денот и др.)
Котлите на пелети имаат резервоари за пелетите кои собираат од 80 кг. и повеќе при што се полнат ендаш на 5-6 дена зависно од потрошувачката. и чистење на пепел барем еднаш неделно.
Останува прашањето како да одбериш добар котел ?
 
Има една друга работа што не ми е позната - степенот на корисно дејсто.
На нашиот пазар, воопшто нема квалитетни печки на цврсто гориво. Јас сум гледал по дуќаните и најдов само една печка која не е сосема добра, но личи на нешто. Тоа беше печка од лиено железо - трајно жаречка. Но печки со конролиран влез на воздух, со палење на огнот одозгора, термоакумулациони печки на дрва и други работи што го зголемуваат степенот на корисно дејство на печките на дрва воопшто нема. Камините, кои се нудат се само убави играчки.
За жал ниеден трговец не се потрудил да понуди квалитетни печки.
Печките кои се нудат имаат степен на полезно дејство помал од 30%. А модерните печки треба да имаат барем 60% и повеќе. Тука може да се бара економската оправданост за користење на печки со пелете. Но за ова треба да се пресмета и оцени економската исплативост, бидејќи и печките на пелете се многу скапи. Тоа до сега не сум го направил.
незнам од кај ги вадиш информациите или онака од ракав.
има кај нас добри печки и добри производители на истите.
за гусените добри се од славонска пожега ( освем франклин), значи амити упланд и така нешто. за готвење исто така добри се пламен 850 и неговите вариации( исто така гусен), и алфа плам кој зависи од моделот има и гусени има од со тула. генерално на гусените искористеноста им се движи до кај 35% .
или ако одиме со ред
отворен камин искористеност 10%
постари модели на камини ( рустик, франклин, амити) од гус 35%
поновите камини од челик со епа стандарди до кај 50 %
поновите камини со секундарно согорување ( мислам дека епа2 стандард) се до кај 70 %
печки на пелети до кај 90%
сега ако одиме за големите котли за парно имаше едни на пиролиза со голем степен на искористеност вајсман мислам ека беа, ама за нив не сум многу запознаен како се покажаја, ама исто како и на печките на пелети многу е битно монтажата и штеловањето од кои најнмогу им зависи и потрошувачката. можам да ти ја штеловам печката на пелети да ти троши со искоритеност 10 % и да вадиш пепел на секој 2 сати !!
значи сума сумарум ако сакате на дрва има камини за пристојна цена кои се сосем добри и со ништо не заостануваат од тие на запад. ако сакате нешто екстра модерно екстра модерно и ке си платите, за екста ефтино може и со ќумбе обично да поминете.
колку пари толку музика рекле старите.
--- надополнето: Oct 27, 2011 8:59 AM ---
тука е наведено дека:
"Просечен камин на пелети има ефикасност за согорување до 85%"
Тоа значи дека се доста ефикасни, само бидејќи кај нас се нови и нема некое искуство за потрошувачка. Познавам неколку луѓе кои ги користат една сезона и се генерално задоволни, трошеле малку повеќе од колку за дрва но се многу по лесни за работа (нема дрва, сечење, цепење, редење, па ложење 2-3 пати денот и др.)
Котлите на пелети имаат резервоари за пелетите кои собираат од 80 кг. и повеќе при што се полнат ендаш на 5-6 дена зависно од потрошувачката. и чистење на пепел барем еднаш неделно.
Останува прашањето како да одбериш добар котел ?
не наседнувај многу на рекламите.
искористеноста им е висока , но потошувачката зависи од многу фактори како на пример пелетите квалитетот, просторијата која ја затоплуваш, изолацијата на просторијата и штеловањето.
обичните печки на пелети што се до кај 8 кв трошат во просек 1 вреќичка денот( за цел ден горење). сега ако не ја гориш нема ич да потроши нели!!
каква ке земиш. па ке земиш онаква која најмногу ти одговара спрема просторијата која планираш да ја затоплуваш. ке имаш во предвид 1 кв ти се 7 квадрати ако таванот ти е 2.60 метра, било да се работи за на пелети или на дрва.
 
Некој совет како алтернатива за парново греење. Се граем на Топлификација, но само да помине
оваа сезона дефинитивно ги откачуваме, само ги зголемуваат цените.
Инаку живеам во зграда, во едната соба имам клима обична БЕКО, мислам дека грее до -5 степени надворешна температура. За греење во најладните месеци што да земам, некоја електрична греалка, конвектор, електричен радијатор?
Другата соба и кујната се поврзани, би можел да ги греам со некој инвертер двете, или да земам и за нив
обична клима а во најладните месеци да догревам.
Ме интересира и за бањата, што е најдобро за таму? Нема потреба постојано да се грее, но кога е потребно брзо да биде затоплена?
 
Што и да направиш се е подобро и поефтино од Топлификација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom