Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Лелеј кој ќе дочека до другото лето. Ова ќе биде одличен филм..

Значи новиот негативец ќе биде некојси Бејн(не сум запознаен со тој лик од Бетменверзумот).Се надевав на The Riddler.
 
Да ти кажам право и јас мислев дека Џони Деп ќе биде загатнувачот и добар избор ќе беше. Ама и вака му верувам на Нолан за изборот, зашто човекот направи мастерпис со Бетмен. Изјави он во една прилика дека не сака да има класичен негативец заради споменот на Хит Леџер. Мислам дека негативецот во случајов ќе го глуми Том Хардинг.
 
Сега видов Ен Хатавеј е изборот за Кетвоман.Може ќе испадне добра,ама една е Мишел.
 
Значи новиот негативец ќе биде некојси Бејн(не сум запознаен со тој лик од Бетменверзумот).Се надевав на The Riddler.

Бејн е еден од непријателите на Бетмен во стриповите. Беше еднаш филмуван ама тотално погрешно протолкуван.
Ако ти текнува на делот со Poison Ivy тој што и' беше како телохранител, мускулестиот. Но сега неговиот карактер ќе биде обработен како што треба и како што доликува. Затоа го обожавам делото на Нолан.
 
Ех, тргнав да го напишам истото ама ме претрка :)
 
Да ти кажам право и јас мислев дека Џони Деп ќе биде загатнувачот и добар избор ќе беше. Ама и вака му верувам на Нолан за изборот, зашто човекот направи мастерпис со Бетмен. Изјави он во една прилика дека не сака да има класичен негативец заради споменот на Хит Леџер. Мислам дека негативецот во случајов ќе го глуми Том Хардинг.
Имаше некој разговор минатата година помеѓу Нолан и не се сеќавам кој од продуцентите или сценаристите, кога го прашаа како мисли да најде лик кој ќе ја надмине врвната претстава на Хит Леџер. Тој им рекол: Џони Деп. Нешто така беше муабетот.

Јасно е дека Леџер постави нови стандарди па секој што сака да биде запамтен во продолженијата на Нолан, ќе мора убаво да се испоти и да се внесе во карактерот... Секое подстандардно претставување ќе биде окарактеризирано како фијаско. Имам чувство дека критичарите едвај чекаат да излезе филмот :)
 
Бејн е еден од непријателите на Бетмен во стриповите. Беше еднаш филмуван ама тотално погрешно протолкуван.
Ако ти текнува на делот со Poison Ivy тој што и' беше како телохранител, мускулестиот.

Пред малку читав за него на вики.Гледам на Бетмен му ја скршил кичмата.

Имам чувство дека критичарите едвај чекаат да излезе филмот :)

И обичната раја.
 
Немора да значи, Џек Николсон беше ѕвер ама (според мене, не скокајте одма) Леџер го помина.
Како и да е, има уште цела година, дај зборете за друго, не ми се чека овој, многу е. :(
 
Па да само што има 20 години разлика меѓу филмовите, сигурен сум дека ќе има и ликови кои би го надминале Леџер после 10-20 години. Само колку ги има во моментов, не знам...
 
Не те сфаќам, шо веза имаат поминатите години? Као сме заборавиле колку добро изглумел некој па некој сосема втор не импресионирал одново во истата улога? Мене свежо ми беше гледан бетмер со Николсон пред да го гледам на Нолан. Затоа упорно гласам за Леџер.
 
Ништо посебно, квалитет има секогаш ама не и квантитет. Илјадници актери излегле ама мала група го сочинува врвот. Не знам многу актери денес што би можеле да дадат врвна претстава како негативци или воопшто... затоа сум скептик. Се разбира не ќе е лошо да не сум во право, ама мислам дека ликови како Џек, Леџер итн... не се раѓаат секоја година и ги нема многу на лагер...
 
Не знам зошто ама кога го прочитав постов дека ретко кој би можел да биде Џокер од денешниве актери, одма на памет ми падна Даниел Деј Луис :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom