Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Лично искуство да споделам со топлинска пумпа, 16кв, Канион, ова ми е 3та зима.

Поврзана е со подно, термостатите се на 24.5 степени, само во 3 спални соби на 23.5 степени.
Под: плочки
Квадратура: 155 м2

Нова градба, изолација.

Подното ми работи од 22 до 07 и од 13 до 15, на 35 степени во моментов. Кога е најладно, го вклучувам до 39-40 степени. Значи работи само на евтина струја.

Не мерам специфично колку ми троши топл. пумпа, но во месеци кога немам греење/ладење, плаќам 4000-4500 денари, кога греам 6000-8000 денари, и имам само еднаш платено 10000 денари.

Де факто, загревам цела куќа од 155 м2 на одлична собна температура за 2000-4000 денари месечно. Поевтино здравје.
 
Подното ми работи од 22 до 07 и од 13 до 15, на 35 степени во моментов. Кога е најладно, го вклучувам до 39-40 степени. Значи работи само на евтина струја.
А од 07 до 13 и од 15 до 22 на што се грееш?
 
И мене ми нема логика ова..
Не е ќумбе, па ај запали го за пол-саат да загрее..

Додуша и може на овие надворешни од 10-15ц што ги имавме до сега.. ако е добро изолирана како што рече постерот, нема да излади, голема термална маса е куќата.
Ама на пониско, па посебно со споро/инертно греење тешко..
 
Дали може на веќе постоечки систем на греење, пример парно на дрва да се поврзе топлотна пумпа? Колку е изводливо тоа и дали се исплати?
 
И мене ми нема логика ова..
Не е ќумбе, па ај запали го за пол-саат да загрее..

Додуша и може на овие надворешни од 10-15ц што ги имавме до сега.. ако е добро изолирана како што рече постерот, нема да излади, голема термална маса е куќата.
Ама на пониско, па посебно со споро/инертно греење тешко..
И мене ми нема логика пали гаси плус кога одржава температура многу ретко уклучува
 
Можеби е прејака за тој простор, па така работи он-офф.

Го гледам Мунта на ЈТ, у куќа со слична ако не и поголема површина 6ка ТП стави да модулира...
ама цела наука е тоа, не претендирам дека знам :toe:
 
Да да, нема зошто да измислувам. Имм бафер кој останува со топла вода да дополни кога е скапа струја, и навечер пример околу 21-22ч, температурата падне до некои 23.8 степени. Немој да мислиш дека ако не работи пумпата, температурата веднаш паѓа. Различно е од ќумбе или клима уред, тука се загрева подот и не се лади веднаш.

А и имаме доста топли зими, да фати -15 или -20 сигурно не би можел со овој распоред
 
И тука има две различни школи на размислување...

Едната се баферашите, кои стојат на тоа дека е поефтино да полнат бафер само на ефтина, и да го циркулираат на скапа...

И анти-баферашите, кои стојат на тоа дека баферот е чиста глупост кој ја лоботомира сета интелигенција и електроника на пумпата.. и дека поефтино е ТП постојано да работи со модулација (директно врзана)
 
Да да, нема зошто да измислувам. Имм бафер кој останува со топла вода да дополни кога е скапа струја, и навечер пример околу 21-22ч, температурата падне до некои 23.8 степени. Немој да мислиш дека ако не работи пумпата, температурата веднаш паѓа. Различно е од ќумбе или клима уред, тука се загрева подот и не се лади веднаш.

А и имаме доста топли зими, да фати -15 или -20 сигурно не би можел со овој распоред
Чисто си правиме муабет, штом долго време ти одржува температура кога е исклучена значи немаш топлотни загуби а со тоа и многу малку би уклучувала што на крајот и не би направила преголема разлика
Болјер за топла вода дали поврза?
 
Да и бојлер за топла вода имам, на истиот распоред работи, само на 45 степени е ставен поради тоа што сите (4 луѓе) се тушираме сабајле. Иначе да, можеби и не би имало голема разлика и на скапа струја да работи, но уште не сум пробал
 
Колку литарски ти е и дали ве задоволува?
 
Или можеби пумпата што ја земал има само мод Греење , и нема опција да избере мод Греење + Санитарна до 65 а и такви има ;)...требаше тоа да го прашаш, а не дали ги задоволува, ке ти пише да супер е и?...ама ајт терајте си муабет
 
Последно уредено:

И како ќе му го смени животот тоа што нема опција за греење санитарна вода?
Еве муабет си правиме..
Знаеш Стрелчо... баба ми и дедо ми Бог да ги прости уште пред 70 години имале бојлер на дрва!
Па електричен.. па еве јас денес соларен бојлер..
Вака си размислувам... ние луѓево сме се бањале со топла вода уште пред вие од Грее да ги донесете топлинските пумпи..

Ама да се најдеме у муабет, еве јас ќе го прашам.
@Bonnie and Clyde прашај го @SantoriniLover дали има опција за санитарна вода на топлинската?
Не за друго, Стрелец едвај чека да му каже (читај спушти) дека се заебал, оти ако си земал Грее ќе си имал таква опција..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom