колку сака нека штеди тие 100.000 денари во старт никогаш нема да ги повратиш
Претходно користев Vivax клима, која ми беше продадена како модел со 3.5 kW моќност. Климатизерот најчесто можеше да одржува пријатна температура во дневна од околу 20 m² и евентуално уште една детска соба од 13 m².
Во нормални услови, без екстремна жештина или студ, функционираше коректно.
Но кога летово температурите достигнуваа околу 40 °C, веќе не можеше да ја постигне посакуваната температура. Слично и во зима — на околу 0 °C или малку под нула немаше проблем, дури и со отворена врата кон кујната (дополнителни 12 m²) можеше да загрева.
Меѓутоа, климата не смееше да се исклучува, дури ни кратко. Ако ја исклучев кога не сум дома, за повторно загревање требаше часови, а за да се загрее целиот простор мораше да ги затворам останатите соби. Под –5 °C, веќе беше потребен дополнителен уред (греалка), бидејќи Vivax-от не можеше да загрее.
Откако го доградив горниот кат (околу 65 m²), старата Vivax веќе не можеше да одговори на потребите. Во периодот од средина февруари до 2 август 2024, потроши околу 1500 kWh само за греење и ладење. Тоа беше и моментот кога решив да ја заменам.
Новата клима е Daikin Emura 2.5 kW, која според податоците на производителот е помала по моќност од Vivax-от. Но реално, резултатите се сосема различни.
Имам Shelly мерач, па еве ги реалните бројки:
9 дена март: 29.8 kWh
Април: 66.2 kWh
Мај: 19.5 kWh
Јуни: 84.2 kWh
Јули: 203.7 kWh
Август: 100.9 kWh
Немам податоци за втората половина од февруари и првиот дел од март, но според проценките, вкупната потрошувачка би била помалку од 550 kWh за истиот период (околу 5 и пол месеци).
Важно е да се напомене дека во јули условите беа ненормални — беше голема жештина и влезната врата беше постојано отворена, за да помага во ладење и долу кај мајка ми, која нема клима. Значи потрошувачката е реално дури и повисока од нормалното, но сепак далеку пониска од Vivax.
Со други зборови:
Vivax → ~1500 kWh
Daikin → < 550 kWh
Заштеда ≈ 1000 kWh за 5.5 месеци
и тоа при значително поголема површина (65 m² наместо 20 + 13 + 12 m²) и со сите врати постојано отворени.
Ако се пресмета оваа разлика на 10-годишен период, заштедата во електрична енергија лесно ги покрива дополнителните 100.000 денари разлика во цена меѓу евтина и квалитетна клима.
Со Daikin добив не само пониска потрошувачка, туку и стабилност – и во студ, и во големи горештини.